ДУРИ И АМНЕСТИ ИНТЕРНЕШНЕЛ ЈА ОБВИНИ УКРАИНА: ГО КРШИ МЕЃУНАРОДНОТО ПРАВО И ГИ ЗАГРОЗУВА ЦИВИЛИТЕ

ДУРИ И АМНЕСТИ ИНТЕРНЕШНЕЛ ЈА ОБВИНИ УКРАИНА: ГО КРШИ МЕЃУНАРОДНОТО ПРАВО И ГИ ЗАГРОЗУВА ЦИВИЛИТЕ

Украинските сили го прекршуваат меѓународното право и ги загрозуваат цивилите со поставување бази во станбени области; вклучувајќи училишта и болници, соопшти во четвртокот организацијата за човекови права Амнести интернешнeл.

Амнести ги наведе инцидентите во кои украинските сили ги загрозиле цивилите во 19 градови и села во регионите Харков, Донбас и Миколаев.

„Документиравме шема во која украинските сили ги ставаат цивилите во ризик и ги прекршуваат законите на војната оперирајќи во населени области. Дејствувањето од одбранбена положба не ја ослободува украинската војска од почитување на меѓународното хуманитарно право“, рече Агнес Каламар, генерална секретарка на организацијата.

Критиките кон оваа организација која никогаш досега не ги документираше овие случаи и секогаш ја критикуваше исклучиво руската воена тактика, се зголемија во украинскиот државен врв, со одговорите на министерот за одбрана на Украина, Олексиј Резников, кој го нарече извештајот „перверзија“, министерот за надворешни работи Дмитро Кулеба и самиот Зеленски, кој дури и го обвини Амнести Интернешнел за „неморална селективност“.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите за помошта.
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!