бил гејтс крај

ДУРИ И САМИОТ БИЛ ГЕЈТС ГО ПОТВРДИ КРАЈОТ НА ОВАА ПAHДЕMИJA! ЕВЕ ЗА КОГА ОВОЈ Т.Н. “ФИЛАНТРОП” НАЈАВУВА КРАЈ

Чудни ветришта дуваат околу официјалниот наратив кој буквално не “труе” во последниве 2 години…

Најпрвин, неколку водечки експерти изјавија дека омикрон сојот веројатно значи дека се ближи крајот на оваа пандемија, а потоа дури и главните “мејнстрим” медиуми како CNN и Гардијан само го потврдија истиот став.

Сега и, неминовниот, Бил Гејтс.

Гејтс, во својот најнов напис на сопствената веб-страна, открива дека смета дека акутната фаза на пандемијата ќе заврши во 2022 година.

Премногу добро (и чудно!) за да биде вистина?!

“Можеби не е паметно да ги предвидувам работите, но сметам дека акутната фаза на пандемијата ќе биде готова во некој момент на 2022 година.”

“За неколку години, се надевам дека единствениот пат кога и ќе помислите на (корона) вирусот е во моментот кога ќе ја примате вашата мешана вакцина, за ковид и грип, секоја есен,” пишува милијардерот.

Сепак, фармацевтските компании и во минатото имале огромни проблеми да ги продадат своите вакцини за грип, поради нивната релативно ниска ефикасност во споредба со другите вакцини, а тоа е случај поради фактот што научниците мораат да предвидуваат која варијанта од грипот ќе биде доминантна во одредена година.

Меѓутоа, Бил Гејтс има цврст став и кога се во прашање терапиите и истакнува дека фармацевтскиот гигант Мерк (Merck), кој неодамна доби одобрение од FDA (Американска Дирекција за Храна и Лекови) за својот антивирусен лек молнупиравир, може да помогне за заштита на лицата со висок ризик од тежок облик на корона вирусот. Оваа пилула “значително ги намалува шансите за хоспитализација или смрт од ковид,” пишува Гејтс.

Секако, Бил Гејтс знае сѐ…

Тој признава дека, и покрај масовната примена на вакцините ширум светот, повеќе луѓе починале од ковид во 2021, отколку во 2020 година и додава дека подобрувањето на состојбата оваа година не било толку “драматично” како што се надевал.

Инаку, богатството на Бил Гејтс во текот на пандемијата се зголеми на неверојатни 137 милијарди долари.

Тој ќе ја нарече новата омикрон варијанта “загрижувачка”, но ќе додаде дека “светот е подобро подготвен за борба против опасните варијатни отколку што бил.”

Дали навистина следат добри вести, дали крајот, не на оваа т.н. “пандемија”, туку крајот на ова корона лудило, односно корона хистерија, е толку близу?!

Следете ја нашата Фејсбук страна и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrtcom/) или на email (kolovrt.info@gmail.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!