казахстан протести

Е ОВА СЕ ВИКА ПРОТЕСТ: ДЕМОНСТРАНТИТЕ ЗАЗЕМАА НЕКОЛКУ ДРЖАВНИ ЗГРАДИ ВО КАЗАХСТАН! ЈА РАЗОРУЖАА ПОЛИЦИЈАТА, А СЕ СЛУШААТ И ЕКСПЛОЗИИ (ВИДЕА)

Поскапувањето на цените на енергенсите предизвика широки граѓански немири во оваа централноазиска земја.

Протестите во Казахстан ескалираа денеска, а бесните демонстранти упаднаа во канцеларијата на градоначалникот на Алмати. Во другиот голем град, Актобе, демонстрантите ја заземаа управната зграда.

Судирите продолжуваат во центарот на Алмати.

Демонстрантите, инаку вооружени со палки и други предмети, започнаа да јуришаат во зградата на градоначалникот. Полицијата одговори со шок бомби и други методи за контрола на толпата. Меѓутоа, сево ова не беше доволно да ги задржи демонстрантите, кои на крајот сепак успешно влегоа во оваа институција.

Како што пренесувааат руските медиуми, дошло и до експлозија во зградата на администрацијата во Актобе.

Неколку полицајци се повредени во судирите, а демонстрантите им ги одземале и нивните шлемови и штитови.

Нереди има и на други места во градот, со извештаи за пожари во канцеларијата на јавниот обвинител и локалниот огранок на владејачката партија Нур Отан.

Во меѓувреме, здравствените власти ги обвинија демонстрантите за попречување на работата на брзата помош и напад на една болница. Тврдат дека најмалку пет членови на екипата на брзата помош (возачот и докторите), се повредени.

На социјалните мрежи се појави и видео снимка на која еден повреден полицаец се евакуира од местото на настанот од неговите колеги. Според зборовите на авторот на снимката, полицаецот е застрелан од огнено оружје од страна на еден од демонстрантите.

Постојат и претходни непотврдени извештаи дека некои од полицајците одбиле да ги апсат демонстрантите и искажале солидарност со овие луѓе.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt.info@gmail.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!