bujar osmani

ПРОТЕКТОРАТ?! ЕК ЌЕ НАБАВУВА ГАС И НАФТА ЗА МАКЕДОНИЈА КОЛКУ ШТО ЌЕ ИМА ПОТРЕБА, ВЕЛИ ОСМАНИ

Европскиот совет ноќеска донесе одлука за колективна набавка на гас и други извори на енергија во име на земјите членки на ЕУ со цел да се намали зависноста од гас и нафта од Русија, а земјите од Западен Балкан првпат се вклучени рамноправно во овој нов механизам, информира денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Според него, тоа значи дека колку што земјава ќе има потреби за гас и нафта Европската комисија ќе набавува во наше име.

-Ако се сеќавате кога ЕК вака набавуваше вакцини за земјите членки, ние не бевме вклучени во таа колективна набавка на вакцини на почетокот. Сега ЕУ се поставува така како што треба и ние сме рамноправно вклучени, така што мислам кај нас тоа ќе влијае во намалената зависност, рече Османи на денешниот редовен брифинг со медиумите.

Исто така, додаде Османи, на ваков начин се добиваме во цена, бидејќи, како што нагласи, кога купувате поголеми количини се разбира и цената е пониска.

Веројатно не пониска од руската…

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt.info@gmail.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!