ЕМОТИВНО ВИДЕО: МОМЧЕ (11) СО СОЛЗИ ЈА ПРЕГРНУВА МАЈКА СИ НА ПРВАТА СРЕДБА, ОТКАКО САМО ЈА ПРОПАТУВА ЦЕЛА УКРАИНА ЗА ДА ИЗБЕГА

ЕМОТИВНО ВИДЕО: МОМЧЕ (11) СО СОЛЗИ ЈА ПРЕГРНУВА МАЈКА СИ НА ПРВАТА СРЕДБА, ОТКАКО САМО ЈА ПРОПАТУВА ЦЕЛА УКРАИНА ЗА ДА ИЗБЕГА

Со телефонски број напишан на неговата рака, малиот Хасан Писека ја пропатува цела Украина за да побегне од војната. Една недела подоцна имаше можност првпат да ја прегрне својата мајка по храбриот подвиг, а нивната емотивна средба ги стопи срцата на многумина.

Хасан Писека (11) минатата недела сосема сам пропатувал околу 1.000km од југо-источна Украина до границата со Словачка. Тој конечно се сретна со неговата мајка.

Со мала пластична кеса, пасош и телефонски број напишан на неговата рака, патувајќи со воз и пеш, малиот Хасан Писека стигнал до границата со Словачка, каде го чекале неговите 4 повозрасни браќа и сестри.

Неговата мајка Јулија Писека останала во родниот град Запорожје за да се грижи за нејзината 84-годишна неподвижна мајка која не била во можност да побегне од земјата.

Кога стасал на границата со Словачка граничарите биле освоени од храброста и истрајноста на младото момче, па веднаш стапиле во контакт со роднините на момчето во земјата.

Јулија објави видео на Фејсбук во кое им се заблагодари на граничарите и волонтерите што му помогнале на нејзиниот син.

Неколку дена подоцна, мајката и неподвижната баба на момчето биле евакуирани од Украина, а фотографиите од обединувањето на семејството се споделени на Фејсбук страната на словачката полиција.

Инаку, ова не е првпат семејството Писека да бега од војна. Пред неколку години тие побегнале од Сирија.

Јулија во изјава за странските медиуми вели дека патот со воз бил мошне тежок, но дека морале да побегнат за семејството да биде заедно.

„Повторно ќе треба да почнеме од почеток. Изгубивме сѐ што имавме, но барем сме здрави“ – вели таа за The Sun.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt.info@gmail.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!