ЕНЕРГЕТСКИОТ АРМАГЕДОН НА ЕВРОПА ПОТЕКНУВА ОД БЕРЛИН И БРИСЕЛ, А НЕ ОД МОСКВА

ЕНЕРГЕТСКИОТ АРМАГЕДОН НА ЕВРОПА ПОТЕКНУВА ОД БЕРЛИН И БРИСЕЛ, А НЕ ОД МОСКВА

Извор: https://www.globalresearch.ca/europe-energy-armageddon-from-berlin-brussels-not-moscow/5792005

На 22 август пазарната цена на природниот гас кој се тргува на берзата во германскиот гасен центар THE (Trading Hub Europe) достигна ниво 1000% повисоко од пред една година. На граѓаните, режимот на Шолц им кажува дека причината е војната на Путин и Русија во Украина. Вистината е сосема поинаква. Политичарите на ЕУ и големите финансиски интереси ја користат Русија за да ја покријат енергетската криза во Германија и Брисел. Последиците не се случајни.

Тоа не е затоа што политичарите како Шолц или германскиот министер за зелена економија Роберт Хабек, ниту потпретседателот на Комисијата за зелена енергија на ЕУ, Франс Тимерманс, се глупави или тотално без знаење. Корумпирани и нечесни, можеби. Тие точно знаат што прават. Тие следат сценарио. Сето тоа е дел од планот на ЕУ за деиндустријализација на една од енергетски најефикасните индустриски концентрации на планетата. Ова е Зелената агенда на Обединетите Нации (ОН) 2030 инаку позната како Големото ресетирање на Клаус Шваб.

Пазарот на гас на ЕУ е дерегулиран

Она што Европската Комисија и владините министри во Германија и низ ЕУ внимателно го кријат е трансформацијата што ја создадоа во начинот на кој денес се одредува цената на природниот гас. Речиси две децении, Европската Комисија, поддржана од мега банките како што е JP Morgan Chase или големите шпекулативни хеџ фондови, почна да ја поставува основата за она што денес е целосна дерегулација на пазарот на природен гас. Таа беше промовирана како „либерализација“ на пазарот на природен гас на Европската унија. Она што сега го дозволува е нерегулираното тргување на слободен пазар во реално време да биде основа за утврдување на цените наместо долгорочните договори.

Почнувајќи од околу 2010 година, ЕУ почна да врши радикална промена во правилата за цените на природниот гас. Пред тој момент, повеќето цени на природниот гас беа утврдени преку фиксните долгорочни договори за испорака преку гасоводот. Најголемиот снабдувач, руски Газпром, обезбедуваше гас за ЕУ, особено за Германија, со долгорочни договори поврзани со цената на нафтата. До последните неколку години речиси и да не се увезуваше гас со бродови во форма на ЛНГ (течен природен гас). Со промена на американските закони за да се дозволи извоз на ЛНГ од огромното производство на гас во 2016 година, американските производители на гас започнаа големо проширување со изградбата на терминали за извоз на ЛНГ. Изградбата на терминалите трае во просек од 3 до 5 години. Во исто време Полска, Холандија и другите земји на ЕУ почнаа да градат терминали за увоз на ЛНГ за да го примаат ЛНГ од странство.

Појавувајќи се од Втората светска војна како водечки светски снабдувач на нафта, англо-американските нафтени гиганти, тогаш наречени Седум сестри (Шел, Шеврон, Тексако,…), создадоа глобален монопол на цената на нафтата. Како што забележа Хенри Кисинџер за време на нафтените шокови во 1970-тите, „Контролирајте ја нафтата и контролирате цели нации“. Од 1980-тите, банките на Волстрит, предводени од Голдман Сакс, создадоа нов пазар на „хартиена нафта“ или тргување со фјучерси и деривати на идните барели нафта. Се создаде огромно казино со шпекулативни профити кои беа контролирани од неколку гигантски банки во Њујорк и во Лондон.

Истите тие моќни финансиски интереси со години работат на создавање сличен глобализиран пазар на „хартиен гас“ во фјучерси што би можеле да го контролираат. Европската Комисија и нивната Зелена агенда за „декарбонизација“ на економијата до 2050 година, елиминирајќи ги нафтата, гасот и горивата од јаглен, ја обезбедија идеалната замка што доведе до експлозивниот скок на цените на енергенсите во ЕУ од 2021 година. Да се создаде тој „единствен“ контролиран пазар, ЕУ беше лобирано од глобалистичките интереси да наметне драконски и де факто незаконски промени на правилата на Гаспром, за да го принудат рускиот сопственик на различни мрежи за дистрибуција на гас во ЕУ да ги отвори истите за конкурентскиот гас.

Големите банки и енергетските интереси кои ја контролираат политиката на ЕУ во Брисел создадоа нов „независен“ ценовен систем паралелен со долгорочните, стабилни цени на рускиот гасовод, кои тие не ги контролираа.

До 2019 година, серијата бирократски енергетски директиви на Европската Комисија од Брисел овозможи целосно дерегулираното тргување на пазарот на гас, де факто да ги одреди цените на природниот гас во ЕУ, и покрај фактот што Русија сè уште беше убедливо најголемиот извор за увоз на гас. Серија виртуелни трговски „хабови“ беа формирани за тргување со фјучерси – договори за гас во неколку земји на ЕУ. До 2020 година, холандскиот TTF (Title Transfer Facility) беше доминантен трговски центар за гас од ЕУ, таканаречен репер за гас на ЕУ. Имено, TTF е виртуелна платформа за тргување со фјучерси – гасни договори за тргување помеѓу банки и други финансиски инвеститори, надвор од регулирана берза (тнр „Over-the-Counter“). Тоа значи дека е де факто нерегулиран, надвор од каква било регулирана размена. Ова е клучно за да се разбере играта што се води во ЕУ денес.

Во 2021 година, само 20% од вкупниот увоз на природен гас во ЕУ беше ЛНГ гас, чии цени во голема мера беа одредени од фјучерсите во центарот TTF, де факто репер за гас на ЕУ, во сопственост на холандската влада; истата влада сега ги уништува своите фарми со лажно тврдење за загадување со азот. Најголемиот увоз на европски гас дојде од рускиот Гаспром кој снабдуваше повеќе од 40% од увозот во ЕУ во 2021 година. Во 2021 година, земјите на ЕУ платија околу 30 милијарди долари повеќе за природен гас во 2021 година отколку што би платиле ако се задржеа на цените формирани со индексирање според нафтата, на Гаспром. На банките тоа им се допадна . На Американската индустрија и потрошувачите – не толку. Само со уништување на рускиот пазар на гас во ЕУ, финансиските интереси и застапниците на Зелениот договор може да создадат своја контрола на пазарот на ЛНГ.

Затворање на гасоводот за ЕУ

Со целосна поддршка од ЕУ за новиот пазар на големо со гас, Брисел, Германија и НАТО почнаа систематски да го затвораат стабилниот, долгорочен гасовод до ЕУ.

Откако ги прекина дипломатските односи со Мароко во август 2021 година поради спорните територии, Алжир објави дека гасоводот Магреб-Европа (МГЕ), кој беше лансиран во 1996 година, ќе престане со работа на 31 октомври 2021 година, кога истече релевантниот договор.

Во септември 2021 година Газпром го заврши својот подморски гасовод Северен тек 2 од Русија преку Балтичкото Море до северна Германија, вреден повеќе милијарди долари. Тоа ќе го удвои капацитетот на Северен тек 1 до 110 милијарди кубни метри годишно, што ќе му овозможи на Гаспром да биде независен од мешање во испораката на гас преку неговиот гасовод Сојуз што минува низ Украина. Европската Комисија, поддржана од администрацијата на Бајден, го блокираше отворањето на гасоводот со бирократска саботажа, и конечно германскиот канцелар Шолц на 22 февруари воведе санкции на гасоводот поради руското признавање на Народна Република Доњецк и Народна Република Луганск. Со растечката гасна криза оттогаш, германската влада одби да го отвори Северен тек 2 и покрај фактот што е завршен.

Потоа, на 12 мај 2022 година, иако испораките на Гаспром до гасоводот Сојуз низ Украина беа непрекинати речиси три месеци конфликт, и покрај воените операции на Русија во Украина, режимот на Зеленски во Киев, контролиран од НАТО, го затвори главниот руски гасовод низ Луганск, кој внесуваше руски гас како за неговата Украина, така и за земјите од ЕУ, изјавувајќи дека ќе остане затворен додека Киев не добие целосна контрола врз овој гасоводен систем што минува низ двете републики во Донбас. Тој дел од украинската линија Сојуз намалува една третина од гасот преку Сојуз до ЕУ. Тоа секако не и помогна на економијата на ЕУ во време кога Киев молеше за повеќе оружје од истите тие земји на НАТО. Сојуз беше отворен во 1980 година во времето на Советскиот Сојуз носејќи гас од гасното поле Оренбург.

Следуваше рускиот гасовод Џамал преку Белорусија и преку Полска до Германија. Во декември 2021 година, два месеци пред украинскиот конфликт, полската влада го затвори полскиот дел од гасоводот со што се намалува испораката на гас на Газпром по ниски цени за Германија, како и за Полска. Наместо тоа, полските гасни компании купуваа руски гас во складиштето на германските компании за гас, преку полско-германскиот дел од гасоводот Џамал по повисока цена во обратен проток. Германските гасни компании го добија својот руски гас преку долгорочен договор за многу ниска договорна цена и го препродадоа во Полска со огромен профит. Ова лудило беше намерно минимизирано од министерот за зелена економија Хабек и канцеларот Шолц и германските медиуми, иако ги принуди германските цени на гасот да бидат уште повисоки и ја влоши германската гасна криза. Полската влада одби да го обнови договорот за гас со Русија и наместо тоа купува гас на слободниот пазар за многу повисоки цени. Како резултат на тоа, повеќе не тече руски гас за Германија преку Џамал.

Конечно, испораката на гас преку подморскиот гасовод Северен тек 1 е прекината поради потребната поправка на гасната турбина направена од Сименс. Турбината беше испратена во специјален погон на Сименс во Канада, каде што антирускиот режим на Трудо ја држеше со месеци пред конечно да ја ослободи на барање на германската влада. Сепак, тие намерно одбија да ја одобрат испораката до неговиот руски сопственик, па наместо тоа го испорачаа на Сименс Германија, каде што и сега се наоѓа, бидејќи германската и канадската влада одбиваат да дадат правно обврзувачко ослободување од санкции за трансферот во Русија. Со тоа, гасот на Гаспром преку Северен тек 1, исто така, драстично се намалува на 20% од нормалните.

Во јануари 2020 година Газпром почна да испраќа гас од својот гасовод Турски тек преку Турција и понатаму кон Бугарија и Унгарија. Во март 2022 година Бугарија еднострано, со поддршка на НАТО, го прекина снабдувањето со гас од Турски тек. Спротивно на тоа, Унгарецот Виктор Орбан обезбеди продолжување со Русија на гасот од Турски тек. Како резултат на тоа, денес Унгарија нема енергетска криза и увезува руски гас од гасоводот по договорни многу ниски фиксни цени .

Со систематско санкционирање или затворање на испораките на гас од долгорочни, евтини цевководи до ЕУ, шпекулантите за гас преку холандскиот ТТП можеа да го искористат секое цимање, или енергетски шок, во светот, без разлика дали е рекордна суша во Кина или конфликт во Украина, за понуда на големопродажните цени на гасот на ЕУ над сите претходно поставени ценовни граници. Од средината на август, цената на фјучерсот на ТТП беше 1.000% повисока од пред една година и растеше секојдневно.

Германско лудило со највисока цена

Намерната саботажа на цената на енергијата и струјата станува уште поапсурдна. На 28 август, германскиот министер за финансии Кристијан Линднер, единствениот член на кабинетот од Либералната партија (ФДП), откри дека според нетранспарентните услови на сложените мерки за реформа на пазарот на електрична енергија на ЕУ, производителите на електрична енергија од сончева или од ветер, автоматски добиваат иста цена за нивната „обновлива“ струја што им ја продаваат на електроенергетските компании во мрежата како и тие со највисоките трошоци, односно тие производители кои користат природен гас!

Линднер повика на „итна“ промена на германскиот закон за енергетика за да се раздвојат различните пазари. Фанатичниот министер за зелена економија Роберт Хабек веднаш одговори дека „ Работиме напорно за да најдеме нов пазарен модел“, но предупредувајќи дека владата мора да внимава да не интервенира премногу: „Ни требаат функционални пазари и, во исто време, треба да поставиме правилни правила за да не се злоупотребуваат позициите на пазарот “.

Хабек всушност прави се за да ја изгради Зелената агенда и да ги елиминира гасот, нафтата и нуклеарната енергија, единствените сигурни извори на енергија во моментов. Тој одбива да размисли за повторно отворање на три нуклеарни централи затворени пред една година или да го преиспита затворањето на преостанатите три во декември. Додека во интервју за Блумберг изјави дека „нема да му пристапам на ова прашање идеолошки“, во следниот здив тој изјави: „Нуклеарната енергија не е решение, тоа е проблемот “. Хабек, како и претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, постојано изјавуваат дека повеќе инвестиции во несигурен ветер и сончева енергија е одговорот на кризата со цените на гасот што нивните политики намерно ја создадоа. Во секој поглед, самоубиствената енергетска криза што трае во Европа е „Произведена во Германија“, а не во Русија.

*

Забелешка за читателите: Следете не на Инстаграм и Твитер и претплатете се на нашиот Телеграмски канал. Слободно објавувајте и споделувајте широко распространети статии од Global Research.

Ф. Вилијам Енгдал е консултант за стратешки ризици и предавач, тој има диплома по политика на Универзитетот Принстон и е најпродаван автор за нафта и геополитика. Тој е научен соработник на Центарот за истражување на глобализацијата (ЦРГ).

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите за помошта.
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!