ЕУ НИ КАЖА ДЕКА НИЗ ЦЕЛА ЕВРОПА БЛИКА ОД КУЛТУРА, АМА КАЈ НАС ШЕТААТ МЕЧКИ И КУЧИЊА (ФОТО)

ЕУ НИ КАЖА ДЕКА НИЗ ЦЕЛА ЕВРОПА БЛИКА ОД КУЛТУРА, АМА КАЈ НАС ШЕТААТ МЕЧКИ И КУЧИЊА (ФОТО)

Европската комисија се потруди да ги едуцира децата со објавување на карта на Европа на својата Фејсбук страница. Тие се потрудија на сликовит начин да ги прикажат европските земји и на тој начин да го одбележат Меѓународниот ден на младите и живописно да ги навредат жителите на просторот на поранешна Југославија.

Европската комисија, наводно, сакала да обезбеди едукативна содржина за наставниците и учениците како дел од своето „Катче за учење“, но нацртаната мапа предизвика бројни контроверзи.

Имено, на неа може да се забележат бројни европски знаменитости, но ако се обрне внимание на Балканот, не може да се занемари дека овој дел од Европа е запоставен случајно или намерно.

Меѓу знаменитостите во Хрватска, прикажано е далматинско куче, загрепската катедрала, Диоклецијановата палата во Сплит, како и шолја кафе кое е симбол на една од навиките на тамошните граѓани.

Сепак, изгледа дека остатокот од Балканот очигледно не ги шармирал претерано илустраторите на мапите, па од сите симболи кои го красат нашето поднебје остана само мечката.

Е сега, не знаеме дали Грците ќе реагираат зошто шлемот на Александар фаќа малку на територијата на Македонија, тука ја утнале малку Европјаниве, па сега можеме да си добиеме ново вето…

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите за помошта.
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!