daruvaj krv spasi zivot

ХОРОР: ЕВЕ ВО КАКВА МИЗЕРИЈА СЕ ДАРУВА КРВ ВО ОХРИД (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ДАЛИ СТЕ СВЕСНИ ВО КАКВИ УСЛОВИ СЕ ДАРУВА КРВ ВО ОХРИД?!

Денес, на фејсбук мрежата се појави статус со страшни фотографии од местото каде граѓаните даруваат крв со цел да спасат живот. Зарем во вакви услови се дарува крв? Зарем во вакви услови се спасуваат животите или во вакви услови се третираат едни од најретките вистински хуманитарци во Македонија?! Или по се изгледа дека најбитно за надлежните е да објават колку починале од ковид и тука завршува дејноста на нашето министерство за здравство?!

Дури и си дозволуваат да ни кажат како да се однесуваме; да водиме хигиена, да носиме маски, да се дезинфицираме после секој допир со било каков предмет и слично, а тврдат ли тие дека после дарување на крв во вакви услови, крводарителите нема да се заразат и инфицираат од многу посериозни болести од Ковид?

А како и секогаш нашите главни медиуми ”НЕ СЕ ИНФОРМИРАНИ ЗА ОВА” или веројатно просто така им одговара..

Фејсбук статусот што се појави денес:

”Еве во каква МИЗЕРИЈА даруваме крв…Затворите во Танзанија имаат подобри услови…Црна мувла, влага насекаде, паѓаат ѕидовите, импровизирани стари прозори кои во секој момент може да ти паднат на глава…Колку и да се трудат вработените (кои се многу љубезни и посветени) да ни обезбедат убави и хигиенски услови, eдноставно не е возможно, бидејќи ова е буниште.

Ниту вработените, ниту крводарителите не го заслужуваат ова!

Поздрав до сите одговорни!”

линк

Следете ја нашата Фејсбук страна и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrtcom/) или на email (kolovrt.info@gmail.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!