ЕВРОПА СЕ СООЧУВА СО ЕНЕРГЕТСКА КАТАСТРОФА КОЈА ЌЕ СЕ ПРЕЛЕЕ ВО САД

ЕВРОПА СЕ СООЧУВА СО ЕНЕРГЕТСКА КАТАСТРОФА КОЈА ЌЕ СЕ ПРЕЛЕЕ ВО САД

Автор: Брендон Смит преку AltMarket.us

Иако ситуацијата постојано се менува, во моментов руската влада најави официјално затворање на ЦЕЛИОТ извоз на природен гас во Европа преку гасоводот Северен тек 1 и планира да го продолжи исклучувањето додека ЕУ не ги прекине економските санкции поради војната во Украина. Ова значи дека околу 40% од енергетските ресурси на Европа сега ги нема, а проблемите со синџирот на снабдување ги отежнуваат останатите 60%, додека цените вртоглаво растат за домаќинствата и фирмите.

Уште во март во написот со наслов „Најголемите лаги (досега) за Русија и Украина“ забележав дека:

„…Има уште нешто за кое медиумите не зборуваат многу, а тоа е потпирањето на Европа на руската нафта и природен гас. Ако сакате да ја видите вистинската ценовна инфлација предизвикана од Русија, нека ЕУ го забрани увозот на руска нафта или гледајте како Путин ја прекинува понудата. Европа е зависна од руската нафта и гас за околу 40% од целокупното производство на енергија. Тие не можат да преживеат ниту една година без него. Доколку Русија возврати и го блокира извозот на енергија во Европа, ЕУ ќе мора да ја искористува нафтата од многу други земји, со што драстично ќе се намали глобалната понуда. Ова би предизвикало експлозија на цените на бензинот до двојно, па дури и тројно од сегашното ниво“.

Во април оваа година, во мојата статија „Медиумите ги игнорираат овие два настани кои можат да предизвикаат економски колапс“, предвидов дека: „…Руската економија нема наскоро да се распадне, а сега ЕУ, која се потпира на рускиот извоз на нафта и гас за 40% од нивните енергетски потреби, ќе се соочи со економска пропаст, освен ако не прифатат да плаќаат за енергија во рубли (што нема), или да најдат извор за замена за гас и нафта (што е невозможно). Понатаму, со оглед на тоа што Европа на глобалниот пазар бара алтернативни извори на нафта, голем дел од пазарот на нафта ќе биде пренасочен. Што значи тоа? Помалку нафта и гас за да се задоволи побарувачката во другите земји. Со други зборови, цените повторно ќе се зголемат вртоглаво“. Медиумските дезинформации околу економската ситуација со Русија разоружаа милиони луѓе и ги измами да веруваат дека Русија се соочува со фискална катастрофа, а не Европа или потенцијално САД. Сега, се чини дека моите предвидувања за криза со целосен спектар се остваруваат. Прашањето е што ќе се случува понатаму?

Засега, сите разговори во главните медиуми ќе се вртат околу две работи – што ќе се направи за да се спречи катастрофа и колку е злобна Русија што го отсекува европското население од топлината во зима. Нема да навлегувам во моралноста на постапките на Русија наспроти европските санкции (На крајот на краиштата, ЕУ се обиде економски да ја уништи Русија. И, како што напишав во минатото, двете страни се играни од страна на глобалистите за да создадат кататрофа во светот). Но, сакам да го покријам неизбежниот одговор на ЕУ. Европските влади сега се тркаат да ги спроведат единствените политики што ги разбираат: Стимулирачки политики.

Велика Британија и ЕУ најавуваат планови за вештачко субвенционирање на дистрибутерите на енергија и плаќање на процент од сметките за електрична енергија за домаќинствата и бизнисите. Се разбира, треба да се запрашаме, ако на владите им е толку лесно едноставно да печатат пари и да ги хранат на дистрибутрите на енергија, тогаш зошто тие едноставно не плаќаат за сите наши сметки за струја цело време? Затоа што контролата на цените никогаш не функционира, ете затоа. [Како што многу пати кажуваме на Коловрт, државите немаат свои пари. Или земаат од вас преку даноци, или се задолжуваат (па тоа го плаќаат на рати вашите деца), или печатат пари и предизвикуваат (хипер-)инфлација.]

Она што ЕУ го планира е во суштина форма на контрола на цените со користење на надуени валути како средство за смирување на производителите и дистрибутерите на енергија онолку долго колку што можат. Повеќето нафта и гас на глобалниот пазар се купуваат со помош на американскиот долар, а не со еврото, така што не е јасно дали Европа ќе печати евра за да купи долари или ќе се обиде директно да купи нафта, гас и јаглен. Во секој случај, ова во голема мера ќе ја намали вредноста на еврото и цените ќе продолжат да растат за ЕУ во секој случај. ЕУ и Велика Британија се обидуваат да ги ограничат цените и да го платат остатокот, но ако цените продолжат да се зголемуваат, колку се подготвени да субвенционираат и колку се подготвени да го девалвираат еврото (или фунтата) во тој процес? Дали се подготвени да одат во целосна валутна имплозија и хиперинфлација за да платат енергија? Целата дебата за владините стимулации и ефектите ќе бидат бесмислени, сепак, доколку не се земе предвид прашањето за понудата. ЕУ може да печати колку сака пари, но тоа не им помага ако не можат да набават доволно енергетски ресурси за да обезбедат греење и енергија што им е потребна на јавноста. Има НУЛА шанса дека ќе можат да ја пополнат празнината што ја оставаат рускиот гас и нафта, така што одреден процент од европското население ќе страда без разлика. Еве каков развој ќе види Европа во блиска иднина:

Нема да биде убав призор. За оние од САД ова изгледа како сценарио надвор од видното поле и надвор од умот, но тоа нема да биде случај. Европа ќе ги пребарува пазарите за снабдување со енергија, каде и да можат да ги најдат. На пример, САД веќе испраќаат 75% од извозот на течен природен гас во Европа. Ова значи помалку нафта, помалку гас, помалку јаглен, помалку од се за купување во Америка. Секако, би можеле да ги произведуваме повеќето од овие ресурси дома и да го намалиме извозот во ЕУ, но администрацијата на Бајден никогаш нема да дозволи тоа да се случи. Во најмала рака, цените ќе растат насекаде на поголемиот дел од стоките. Продолжувам да предвидувам дека цените на американскиот бензин ќе се искачат на околу 7 долари за галон во просек на пумпа. Пропанот и другите производи за греење ќе напредуваат над претходните веќе високи нивоа. Синџирите за снабдување ќе бидат ослабени. Европското производство ќе добие огромен удар и многу од овие бизниси нема да можат да работат со нормален капацитет. Повеќето од нив ќе мора да го намалат производството и да воведат отпуштања и технолошки вишоци. Ова значи дека европските стоки ќе се извезуваат поретко, а цените на преостанатите стоки ќе се зголемат во САД.

Тешко ќе биде погодено и европското земјоделство. Производството на храна ќе опадне бидејќи залихите на енергија и вештачки ѓубрива паѓаат. Ова значи дека тие ќе купуваат повеќе житарки и храна од други нации, што ќе предизвика скок на цените за сите други, вклучително и САД. Граѓанските немири во Европа се веќе сигурна работа. Слични услови веќе се создаваат во многу од државите на САД, но тешко е да се каже дали проблемите на Европа ќе предизвикаат гнев кај јавноста овде. Поголемата инфлација на цените може да биде иницијалната каписла, но тоа е малку веројатно додека не започнат масовните отпуштања подоцна оваа година и во 2023 година. Потребно е време за јавноста да сфати дека работите нема да се вратат во нормала. Генерално, американската економија ќе го продолжи својот пат кон дестабилизација, иако се чини дека Европа ќе го доживее најлошото од светската криза во следните неколку месеци.

За жал, меѓузависноста создадена од глобализмот ја остави секоја земја во светот премногу да се потпира на другите. Ако некоја алка во синџирот се скрши, целиот систем се распаѓа. Ова е причината зошто децентрализацијата е толку важна – таа создава технолошки вишок и ја штити секоја поединечна нација од потенцијално катастрофалниот домино ефект.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите за помошта.
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!