ЕВРОПРАТЕНИЧКА ЈА ПРОГЛАСИ ПРИНУДАТА НА BAKЦИНА ЗА KOBИД ЗА „НАЈТЕЖОК ЗЛОСТОР НЕКОГАШ НАПРАВЕН ПРОТИВ ЧОВЕШТВОТО“

ЕВРОПРАТЕНИЧКА ЈА ПРОГЛАСИ ПРИНУДАТА НА BAKЦИНА ЗА KOBИД ЗА „НАЈТЕЖОК ЗЛОСТОР НЕКОГАШ НАПРАВЕН ПРОТИВ ЧОВЕШТВОТО“

Во говорот пред Европскиот парламент претходно овој месец, германската пратеничка Кристин Андерсон го опиша принудувањето на луѓето да земаат вaкцини за KOBИД како „најголемото злосторство извршено против човештвото“.

„Оваа кампања за вaкцинација ќе влезе како најголем скандал во историјата на медицината“, рече Андерсон, додавајќи „покрај тоа, ќе биде познато како најголемото злосторство направено против човештвото“.

Европратеничката се осврна на масовните откажувања на летови и недоволниот персонал на аеродромите и во авионите, тврдејќи дека иако се вели дека ситуацијата произлегува од тоа што компаниите не вработуваат доволно персонал по пaндемијата, вистинската причина е што пилотите и другиот персонал одбиле да се вaкцинираат.

Андерсон потоа предупреди дека „бескрупулозните глобалистички елити“ ја искористиле пaндемијата за свои цели, прашувајќи „Што во Божјо име направија со ова?

Обраќајќи му се на „секој избран претставник на народот во секоја западна демократија“, Андерсон праша: „Што направивте?

„Не ја завршивте својата работа и не ми кажувајте дека не сте знаеле“, рече Андерсон, додавајќи „ваша работа е да ги заштитите луѓето што ве избрале“.

Таа продолжи: „Толку многу излегува на виделина, сите негативни несакани ефекти, бројните студии што се сега достапни, за деформитети на фетусот… генетски дефекти кај бебињата родени од жени кои се вaкцинирани“.

„Што по ѓаволите се случува овде?“, праша Андерсон, ветувајќи дека „ќе стори сé што можеме за да се осигураме дека ова е разоткриено и да се осигураме дека правата на луѓето се заштитени“.

Андерсон претходно се најде на насловните страници за критикување на „политичката елита“ за туркање вaкцини и пасоши за вaкцини користејќи „изнуда и манипулација“.

Андерсон изјави дека „Во целата човечка историја, никогаш немало политичка елита која искрено се грижи за благосостојбата на обичните луѓе. Зошто некој од нас мисли дека сега е поинаку?“

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите за помошта.
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!