6 7 8 doza

ЕВРОПСКАТА АГЕНЦИЈА ЗА ЛЕКОВИ: ПРИСТИГНУВААТ 6,7 И 8 ДОЗА НА BAKЦИНАТА

Се сеќавате кога известувавме за истово уште на почетокот на 2021 и дури и правевме видеа (кои YouTube во меѓувреме ни ги избриша) за тоа дека се подготвени најмалку 8 дози од вaкцината за кoвид? Се смееја некои вас… Кој ли се смее сега?!

Европската агенција за лекови (ЕМА) наведува дека е забележан нов бран на инфекции со Ковид-19 низ цела Европа и најавува дека за наесен се подготвуваат нови видови вакцини против нови соеви, што по проста математика значи дека наесен некои земји каде што веќе широко се администрира четвртата доза во тој период нудат 5, 6, 7 или дури и осма доза од вaкцината.

Како што соопштуваат, тие работат со неколку фармацевтски компании кои развиваат вaкцини приспособени на нови соеви и подвидови со цел нивната дистрибуција да започне наесен.

На редовната прес-конференција, ЕМА објаснува дека моментално доминантни предизвикувачи на инфекција со Кoвид19 во Европа се подвидовите Омикрoн, Б4 и БА5, кои се очекува да ги заменат сите други варијанти на кoвид19 во Европа до крајот на јули.

Д-р Марко Кавалери, нагласува дека нема податоци дека инфекцијата предизвикана од овие соеви е потешка во споредба со претходните соеви, но дека Б4 и БА5 се „лесно преносливи“ што доведува до „зголемување на преносот“ што предизвикува „сериозна инфекција“ кога станува збор за стари лица.

„Досега избраните вaкцини против Кoвид19 продолжуваат да обезбедуваат добра заштита од хоспитализација и тешки форми на болеста, а со оглед на високото ниво на вaкцини во ЕУ, ние сме во многу подобра ситуација отколку што бевме во претходните бранови на инфекција“, вели Кавалери.

ЕМА укажува дека примарната вaкцинација и првиот буcтер остануваат приоритети, а препораката на највисоките здрaвствени институции на ЕУ е луѓето над 80 години да добијат втор бустер, а во сегашните услови на зголемени инфекции, оние меѓу 60 и 80 години како и луѓе со ранливо здравје на која било возраст.

Доктор Кавалери додава дека ЕМА е во контакт со фармацевтските компании кои работат на развој на нови вaкцини прилагодени на соевите Омикрон со цел нивната дистрибуција да започне од есен.

„Во моментов работиме на можното одобрување на адаптираните вaкцини во септември“, вели Кавалери.

Тој забележува дека новите, адаптирани вaкцини првично треба да се користат како бустер дози.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите за помошта.
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!