хари костов

ФЕЈСБУК СТАТУС: ХАРИ КОСТОВ И КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА ВРШАТ УЦЕНИ ДО ВРАБОТЕНИТЕ ДА СЕ BAKЦИHИPAAT?

Утринава наидовме на Фејсбук статус кој веќе ја раздрма македонската јавност.

Постојат ли индиции дека најголемата и најмоќна банка во Македонија, Комерцијална Банка и Хари Костов вршат суптилни уцени до своите илјадници вработени за тие, по секоја цена и спротивно од својата слободна волја, бидат вaкцинирaни?

Според Гордана Гоџо, која на Фејсбук го сподели добиениот документ од анонимен вработен во банката, и тоа како постојат. Во нејзиниот статус таа го изнесува следново:

“Бреееј, „ДИРЕКТОРИШТЕ“

Еден од банкстерите се осуди да ги прекрши основните човекови права. И тоа откако се откажа седницата каде корумпираната влада требаше да донесе фашистичка Одлука (иако таа немаше да важи за приватниот сектор веројатно).

Демек останале 20% невакцинирани, па сега морало и тие да се боцкаат. Заради здравје, де. Тој не сака присила, но ако се мора, ќе бидат преземени и „изнудени мерки“. Бомбона!

Според кажувањата, веќе од утредента раководителите им вршат силни притисоци и бараат статус од небоцнатите. Наредено е до 20 декември да се избоцкаат со две дози инаку ќе бидат преземени соодветни мерки. Некои подлегнуваат на притисокот. Кредити, леб, ропство….

Сега е важно да се обединат небоцнатите. Ако вели 20%, сигурно сте повеќе. Најдете се меѓу себе, договорете се, не се плашите. Од стравот дојдовме до ова дереџе. До кога страв? Не заборавајте, нивниот најголем страв е денот кога ќе сфатат дека ние не им се плашиме.

… ВРЗ ОСНОВА НА КОИ ЗАКОНИ И КОЈ УСТАВ ГО БАРАТЕ ОВА ДИРЕКТОРЕ?

ЌЕ ГАРАНТИРАТЕ ЛИ ДЕКА НЕМА ДА ИМААТ ПОСЛЕДИЦИ ОНИЕ КОИ ЌЕ СЕ БОЦКААТ? СО ПОТПИС?

АКО СЕ СЛУЧИ НЕСАКАН ЕФЕКТ КАКО ПОСЛЕДИЦА ОД „ВАКЦИНАТА“, ПОКРИВА ЛИ ОСИГУРУВАЊЕ?”

Инаку, според приложениот документ, токму главниот извршен директор Хари Костов, веројатно преку email, меѓу другото, им се обраќа на своите вработени со овие зборови:

“Почитувани колеги,

Соочени со петтиот бран од пандемијата ви се обраќам на сите вас и воедно ви упатувам искрена благодарност што и во ваква голема несреќа покажавте високо ниво на свест, хуманост и солидарност, со што нашата компанија застана врв во државата по успешно спроведена имунизација. Имено, досега близу 80% од вработените во комерцијална банка се вакцинирани. Воедно со преземените мерки за заштита и со нашиоот однос кон клиентите, деловните партнери, но и кон колегите, покажавме дека не сме само успешна и општествено одговорна компанија туку и дека хуманоста кај сите нас не затаила во ниту еден момент.

… Како што ви е познато, јавното здравје е приоритет над сите приоритети.

Драги колеги, нема ништо повозвишено од човечкиот живот. Затоа ве повикувам, сите заедно, да се посветиме во краток период да ја завршиме оваа започната работа. Јас би бил среќен ако нашата компанија биде пример во општеството за постигнат 100 процентен процес на имунизација.

… Во тој контекст, очекувам до 20 декември успешно да се заврши процесот на вакцинација на сите вработени во Комерцијална банка, со исклучок на оние кои ќе приложат документи од лекари специјалисти како доказ дека вакцинација е штетна по нивното здравје.

Како голем противник на било какви условувања и притисоци, длабоко сум уверен во вашата висока свест за сложената ситуација и нашите најдобри намери при преземање мерки за справување со истата. Очекувам дека и овој пат ќе го покажете вашето чувство на одговорност кон сите вработени и дека ќе го направиме последниот чекор успешно да го завршиме овој процес за да не ги обезвредниме сите наши досегашни напори.

Затоа верувам дека овој апел ќе допре до сите вас и нема да се доведеме до ситуација да преземеме изнудени мерки, кои и вие и јас најмалку ги посакуваме.

Ви приложуваме и скриншот од приложениот документ во Фејсбук статусот на Гордана Гоџо:

Мораме да додадеме дека досега лично до нас не се пристигнати никакви документи околу ова прашање, па не сме во можност самите да ја провериме целосната веродостојност на оваа информација, а сметаме и дека единствен начин за борба со присилната вакцинација е вработените, по секоја цена, јавно да истапат со сите информации и закани со кои се соочуваат.

Следете ја нашата Фејсбук страна и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrtcom/) или на email (kolovrt.info@gmail.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!