fon der lajen

ФОН ДЕР ЛAЈЕН УТРЕ ВО БЕЛГРАД, ДАЛИ СО СЕБЕ НОСИ ВОВЕДУВАЊЕ НА САНКЦИИ ПРОТИВ РУСИЈА?!

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, по престојот во Приштина и Скопје, утре ќе пристигне во Белград во рамки на нејзината турнеја по Западен Балкан.

vesnikmonikabroj2-1

Главни теми на разговор во Белград би требало да бидат енергетиката, усогласувањето со надворешната и безбедносната политика на Европската унија (воведување санкции против Русија) и дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Таа вчера беше во Скопје, каде по средбата со премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски, рече дека земјата ќе добие 80 милиони евра како итна буџетска поддршка за борба против енергетската криза.

Фон дер Лајен утре ќе ги посети Сараево и Белград, а посетата на регионот ќе ја заврши во сабота во Подгорица.

Дали Србија ќе одолее на притисокот и ќе застане силно зад своите сојузници во Москва, нешто што гордо го прави во изминатите неколку месеци?!

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите за помошта.
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!