(ФОТО) МАКЕДОНИЈА ГЛАСАШЕ ЗА СУСПЕНДИРАЊЕ НА РУСИЈА! КОИ ДРЖАВИ БЕА ЗА, А КОИ ПРОТИВ?

(ФОТО) МАКЕДОНИЈА ГЛАСАШЕ ЗА СУСПЕНДИРАЊЕ НА РУСИЈА! КОИ ДРЖАВИ БЕА ЗА, А КОИ ПРОТИВ?

Македонија е меѓу 93-те земји кои гласаа „за“ суспендирање на Русија од Советот за човекови права во Обединетите Нации (ОН).

Покрај Македонија, за суспензија на Русија од Советот за човекови права во ОН се изјасни дури и соседна Србија, но и Албанија, Бугарија и Грција од најтесното наше опкружување, но и сите држави што произлегоа од распадот на поранешна Југославија (Црна Гора, БиХ, Хрватска и Словенија).

Дали следен потег на властите во Белград по добивањето на изборите е воведување и санкции кон Руската Федерација?!

Инаку, суспензијата на Русија беше иницирана од САД и од Велика Британија по обелоденување на, како што тие тврдат, „масакрот во Буча“.

Против гласаа 24 земји – Белорусија, Русија, Кина, Северна Кореја, Иран, Алжир, Боливија, Бурунди, ЦАР, Конго, Куба, Еритреја, Етиопија, Габон, Казахстан, Киргистан, Лаос, Мали, Никарагва, Сирија, Таџикистан, Узбекистан, Виетнам и Зимбабве, додека 58 беа „воздржани“.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!