(ФОТО) СРБИ И МАКЕДОНЦИ ЗАЕДНО НА ТРИБИНИТЕ ЗА НОВАК ЃОКОВИЌ!

(ФОТО) СРБИ И МАКЕДОНЦИ ЗАЕДНО НА ТРИБИНИТЕ ЗА НОВАК ЃОКОВИЌ!

Како и во полуфиналето, и во финалето на трибините во Белград имаше голем број Македонци кои го поддржуваа светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ.

За жал, миленикот на публиката загуби од Русинот Андреј Рубљев со 2-1 (2-6, 7-6, 0-6).

Посебно лош за Србинот беше третиот сет, во кој Рубљeв го разби. По натпреварот Ноле откри дека не се чувствувал баш најдобро на теренот и соопшти дека неговото тело го нападнала мистериозна болест, а тоа не е кoронавирусот.

„Никогаш не сум се чувствувал вака, можеби на почетокот на кариерата само. Затоа мислам дека е поврзано со некоја мистериозна болест. Изгледа дека е време за заздравување подолго од она коешто го очекував. Не се чувствував лошо, се до вториот сет. Бев среќен што победив во тај-брејк. По медицинскиот тајм-аут мислев дека сум спремен за третиот сет, ама имав гориво само за два-три гема. Не беше добро тоа за луѓето на трибините. Жалам за она кое го видоа во третиот сет. Немам кoронавирус, туку се работи за нешто друго, не сакам да одам во детали, тоа не е потребно. Телото и метаболизмот ми се со проблем веќе неколку недели. Малку е загрижувачки што се чувствувам вака на терен, затоа што така не ми било со години“, изјави Ѓоковиќ.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!