(ФОТО+ВИДЕО) ТРАДИЦИОНАЛНИ ВЕЛИГДЕНСКИ КУЛИ ВО МАКЕДОНСКИ БРОД 2022 - УНИКАТЕН ОБИЧАЈ КОЈ ДАТИРА ОД ВРЕМЕТО НА ОСМАНЛИСКОТО РОПСТВО

(ФОТО+ВИДЕО) ТРАДИЦИОНАЛНИ ВЕЛИГДЕНСКИ КУЛИ ВО МАКЕДОНСКИ БРОД 2022 – УНИКАТЕН ОБИЧАЈ КОЈ ДАТИРА ОД ВРЕМЕТО НА ОСМАНЛИСКОТО РОПСТВО

Велигденските кули претставуваат традиционална културна манифестација, а воедно и обичај кој се негува во Македонски Брод и датира уште од Османлиското ропство. 

Maкедонскиот православен народ за време на Османлиското ропоство бил доста угнетуван и не му се дозволувало да ги слави своите православни празници, ниту пак да ги извршува своите вообичаени обреди и обичаи за време на празниците. Длабоко исфрустрирани од овој начин на однесување, најугледните броѓани одлучиле да одат во Цариград кај султанот и со злато да откупат еден празник во годината кога ќе смеат слободно да празнуваат и најпосле да се почувствуваат гордо и среќно поради тоа што се христијани.

Како таков празник и голем ден тие го избрале вториот ден од големиот празник Велигден.

Во извршувањето на овој обичај кој според горенаведеното е предвесник на почетокот на правењето на кулите учествуваат девојчиња облечени во народна носија кои прават шпалир и пожелно е сите кои сакаат да бидат дел од Велигденските кули (без разлика дали ќе земат активно учество) да поминат под тој шпалир, додека пак најхрабрите момчиња кои веќе поминале под шпалирот веќе почнуваат да ги прават кулите.

Кулите се состојат од два реда на луѓе од кои во секој ред има по петмина. Пет момчиња од долниот дел се фаќаат рамо за рамо и врз нивните рамена стапнуваат уште пет други момчиња кои исто така се држат рамо за рамо, кои го формираат горниот дел на кулата.

Кулите исто така мора да бидат 5 на број, симболизирајќи го петвековното турско ропство кое владеело во нашата татковина. Долниот дел од кулата го претставуваат поробителите- Османлиите, а пак горниот ред ги претставува македонските христијани кои носени од помислата дека ќе дојде денот кога буквално ќе стапнат врз вратот на непријателот (поробителот) и гордо издигнувајќи се јасно им покажуваат на сите присутни дека ќе светне сонцето на слободата и сите празници ќе може да се прославуваат со голема среќа, слобода и бескрајна радост.

Додека кулите го изминуваат патот од пред градската црква до местото на поранешното сретсело, оние кои се на горниот ред пеат црковни и македонски патриотски песни и повеќе од јасно ни укажуваат дека храброста и издржливоста на Македонецот е непокорна дури и во денови кога бил под туѓо ропство и непрекинати угнетувања.

Погледнете го „формирањето“ на кулите на следното ексклузивно видео:

„Патот“ на кулите:

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!