ФРАНЦУСКИТЕ И ГЕРМАНСКИТЕ ЛИДЕРИ ГО ПРЕДУПРЕДИЈА СВОЕТО НАСЕЛЕНИЕ: „ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ЦЕЛОСНО ПРЕКИНУВАЊЕ НА РУСКИОТ ГАС,“ ДОДЕКА СЕ НАЅИРААТ СОЦИЈАЛНИ НЕМИРИ ВО ДВЕТЕ ЗЕМЈИ

ФРАНЦУСКИТЕ И ГЕРМАНСКИТЕ ЛИДЕРИ ГО ПРЕДУПРЕДИЈА СВОЕТО НАСЕЛЕНИЕ: „ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ЦЕЛОСНО ПРЕКИНУВАЊЕ НА РУСКИОТ ГАС,“ ДОДЕКА СЕ НАЅИРААТ СОЦИЈАЛНИ НЕМИРИ ВО ДВЕТЕ ЗЕМЈИ

Европските нации се подготвуваат за студена претстојна зима во услови на претстојната лавина од високи трошоци за енергија и зголемена инфлација. Во неделата францускиот министер за економија и финансии Бруно Ле Мер предупреди дека Русија е подготвена целосно да го запре снабдувањето со гас во Европа и дека луѓето уште сега мора да се „подготват“.

Да се подготвиме за целосно прекинување на рускиот гас; денес тоа е најверојатниот исход“, рече Ле Мер на публиката на економската конференција во Екс-ан-Прованс. Тој подоцна дополнително им објасни на новинарите: „Исто така, треба да подготвите планови за намалување на товарот, ние го правиме тоа. Тоа значи да се погледне на многу специфичен начин секоја компанија, секоја област за вработување; кои се компаниите што треба да ја намалат потрошувачката на енергија и кои се тие што не можат“.

Тој рече дека неговата влада во моментов составува список на овие големи компании кои би биле премногу изложени на ризик доколку нивните капацитети ненадејно бидат лишени од снабдување со гас. Тие ќе добијат приоритет во веројатниот случај на исклучување од Русија.

„Мораме да предвидиме и да се ставиме во ред за битката која претстои, од сега“, нагласи тој.

Како пример, кој тој го понуди, според Политико:

„Ле Мер го спомена Сен Гобеин, голем производител на градежни материјали, како пример за компании кои не треба да бидат лишени од снабдување со гас, дури и во случај на криза. Министерот укажа на можни оштетувања на опремата за производство и ризик од еколошки последици.“

И Германија се плаши од најлошото, бидејќи нејзиниот главен канал за снабдување со руски природен гас, Северен Ток 1, се прекинува заради 10-дневно одржување почнувајќи од овој понеделник (11 јули). Но, сегашниот страв е дека Москва нема да го врати назад во употреба, со цел дополнително да ја притисне германската економија како казна за нејзиниот став за Украина, принудувајќи го Берлин на итно рационализирање. Германското население од околу 80 милиони зависи од Русија за повеќе од една третина од вкупните потреби на гас и нема непосредна алтернатива. Доколку Москва го користи „рутинското“ одржување како изговор за да ги запре испораките, некои германски публикации дури предвидуваат социјални немири бидејќи притисокот се става особено врз популацијата од работничката класа. Ова не е изненадувачки, кога некои германски весници пресметуваат дополнителни годишни трошоци за енергија од околу 5000 Евра годишно екстра по семејство оваа зима. А не треба да се заборава дека и пред оваа криза, Германија плаќаше најскапа енергија во Европа.

Истакнатиот германски извор на англиски јазик, Дојче веле, ја истражува алармантната ситуација во многу германски домаќинства, веќе кога рационализирањето на топла вода и електрична енергија стапува на сила

Многумина потстанари во Германија деновиве добиваат непријатни писма. Бидејќи цените на енергијата драстично растат, сопствениците, станоиздавачите и компаниите за управување со имот ја зголемуваат месечната паушална стапка за трошоците за греење. Една компанија за домување во Берлин најавува 100% зголемување на цените на греењето за становите што се загреваат на гас или нафта. Дали ова ќе биде доволно не е јасно. Високите цени на енергијата имаат задоцнето влијание бидејќи авансните плаќања не се пребиваат со реалните трошоци направени до крајот на годината.

GdW, здружение кое претставува 3.000 компании за домување, пресмета дека секое домаќинство ќе треба да предвиди до 3.800 евра (3.870 долари) повеќе за енергија во наредната година. Дојче Веле заклучува за потенцијалниот домино-ефект од прекинот на руското снабдување дека „целата економија ќе биде погодена. Прогнос пак, процени дека, доколку пропадне снабдувањето со руски гас, економското производство на Германија може да се намали за 12,7% до крајот на годината“.

Како што пренесовме претходно, колку лоши работи би можеле да станат, ќе биде откриено почнувајќи од 22 јули – што го означува однапред закажаниот датум за крајот на планот за одржување за „тестирање на механички и автоматизирани системи“ на Северен Ток 1.

Стратегот на Дојче Банк Џим Рид претходно праша дали ова би можело да биде најважниот ден во годината: „додека сите ние го поминуваме поголемиот дел од времето на финансиските пазари размислувајќи за Федералната Банката во САД и како нивните чекори можат да предизвикаат длабока рецесија, се сомневам дека она што се случува со рускиот гас во Европа е потенцијално поголема приказна. Се разбира до 22 јули можеби ќе се најдат делови и снабдувањето можиби да почне да се нормализира. Секој што ќе ви каже дека знае што ќе се случи овде претпоставува, но како минимум тоа треба да биде огромна фокусна точка за сите што ги следат финансиските пазари.”

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите за помошта.
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!