BИPУCOT ВЕЌЕ НЕ СЕ СМЕТА ЗА ПООПАСЕН ОД ОБИЧНА HАСТИНКА - ФРАНЦУЗИТЕ ПОЗИТИВНИ НА KOBИД ЌЕ МОЖАТ ДА ГЛАСААТ НА ПРЕТСТОЈНИТЕ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ

BИPУCOT ВЕЌЕ НЕ СЕ СМЕТА ЗА ПООПАСЕН ОД ОБИЧНА HАСТИНКА – ФРАНЦУЗИТЕ ПОЗИТИВНИ НА KOBИД ЌЕ МОЖАТ ДА ГЛАСААТ НА ПРЕТСТОЈНИТЕ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ

„Ништо не може да спречи човек да излезе да гласа“, рече владиниот портпарол Габриел Атал, истовремено препорачувајќи да се носи маска при излегување на гласање, пренесуваат француските медиуми.

„За луѓето кои се заразени со Ковид во деновите пред гласањето, тие ќе можат да гласаат“, рече владиниот портпарол Габриел Атал по одржаниот Совет на министри. Потсетувајќи дека „гласањето е уставно право“, владиниот портпарол прецизира дека „ништо не може да спречи човек да излезе да гласа“. И покрај набљудувањето на „обновувањето на епидемијата“, со околу 120.000 нови случаи дневно, Габриел Атал подвлекува дека „ситуацијата е значително подобрена во болниците“. Затоа, тој ги охрабрува Французите да излезат на изборите без страв на 10 и 24 април.

Сепак, министерствата за внатрешни работи и за здравство ќе дадат неколку препораки, со цел да се обезбеди непречено одвивање на гласањето. На членовите на избирачките комисии на гласачките места ќе им бидат обезбедени хируршки маски, како и „ФФП2 маски за ранливите луѓе кои би морале да интервенираат на избирачките места“, прецизира Габриел Атал. Иако тоа не е задолжително, тој исто така препорачува носење маска при излегување на гласање, за луѓе кои се ранливи или кои тестирале позитивно и повикува на „индивидуална одговорност“, наведувајќи, сепак, дека за гласање нема да бидат потребни ниту здравствени проверки ниту тест.

Се чини дека агендата е готова и во државата каде се одржаа можеби најсилните протести против ковид ограничувањата во Европа.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!