darja dugina

ФСБ ОБЈАВИ СНИМКА ОД ОСОМНИЧЕНАТА ЗА УБИСТВОТО НА ДАРЈА ДУГИНА ВО РУСИЈА (ВИДЕО)

ФСБ денеска објави видео на кое се гледа Наталија Вовкова, осомничена за убиството на Дарја Дугина, пренесе РИА Новости.

Според извештаите, на видеото се гледа моментот кога Вовкова влегува во Русија, се вселува во истата зграда во која живее нејзината жртва и заминува за Естонија по експлозијата на автомобилот во која загина Дугина.

На видеото се гледа и Вовкова како ја отвора хаубата на автомобилот. Во тој момент има светло обоена коса. Вовкова влегла во зградата во која живеела Дугина како бринета, а истата боја на коса ја имала и кога ја напуштила Русија, пишува РИА Новости.

Претходно на социјалните мрежи почна да кружи фотографија на која се прикажани документи на име Наталија Вовкова или Наталија Шабан (1979), која ФСБ претходно ја идентификуваше како убиецот на Дарја Дугина.

Според оваа служба, убиството на новинарката Дугина го подготвиле украинските специјалци, а „сторител е државјанката на Украина Наталија Вовк, која исчезнала по злосторството во Естонија“.

„Како резултат на комплексни итни оперативни и истражни мерки, Федералната служба за безбедност го реши убиството на руската новинарка Дарија Дугина, родена во 1992 година“, нагласуваат од ФСБ.

Според извештаите, Вовк пристигнала во Русија на 23 јули 2022 година, заедно со нејзината ќерка Шабан Софија Михајловна, родена во 2010 година.

Вовк и Шабан на денот на убиството биле на литературно-музичкиот фестивал Традиција, каде Дугина била почесен гостин“, соопштија од ФСБ.

Татко го гледал убиството на својата ќерка

Да потсетиме, Дугина беше убиена во саботата вечерта кога и експлодираше автомобилот. Таа присуствуваше на книжевна вечер во близина на Москва со нејзиниот татко Александар Дугин, долгогодишен советник на Владимир Путин, кој ги доби прекарите „Мозокот на Путин“ и „Распутин на Путин“.

Иако беше планирано заедно да се вратат во руската престолнина, Дугин во последен момент реши да земе друг автомобил. Многумина шпекулираа дека тој бил вистинската цел на атентатот, но тоа се уште не е потврдено од истрагата.

На местото на настанот меѓу првите пристигнал и самиот Александар Дугин. Тој беше сведок и на нејзината смрт. На социјалните мрежи се појави видео од Дугин на местото на несреќата, на кое се гледа како шокирано ја држи главата додека гледа во запалениот џип.

Кремљ веднаш ја обвини Украина за убиство на Дугина, но кабинетот на украинскиот претседател ги негираше овие наводи.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите за помошта.
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!