германија кoвид мерки

Германија ги укинува антикoвид мерките и покрај рекордниот број заразени минатата седмица

Согласно претходно договореното меѓу сојузните и покраинските власти, в недела се укинуваат сите антикoвид мерки во Германија, освен задолжителното носење маска во јавниот транспорт и во здравствените установи.

Лаутербах укажа дека сојузните држави можат да прогласат и т.н. „хотспот“ мерки како реакција на евентуално неповолната епидемиолошка ситуација во одредени области.

Некои од сојузните држави, како Бранденбург, решија да не ги укинуваат сегашните мерки кога станува збор за влез во продавници или културни и спортски манифестации. Баварија најави можност „хотпот“ да прогласи на целата територија за да ги задржи воведните мерки.

Лаутербах укажа дека епидемиолошката состојба во земјата е далеку од тоа 20 март да биде прогласен за „ден на слободата“ т.е. моментот кога се укинуваат сите мерки.

„Не сме во ситуација да си дозволиме укинување на сите мерки“, рече тој.

Коалициската социјалдемократско-зелено-либерална Влада на Германија утре би требало да расправа за измени во Законот за заштита од заразни болести што би се нашле на гласање пред пратениците во Бундестагот веќе в петок.

Државниот епидемиолошки институт „Роберт Кох“ денеска соопшти дека бројот на новозаразени со коронавирусот е 198.888 или 42 илјади повеќе отколку минатиот вторник и претставува рекорд од почеткот на епидемијата.

Лаутербах уште минатата седмица укажа на тоа дека бројките се „аларманти“, но оти смирува нискиот број пациенти на интензивните одделенија. Тој тогаш рече дека се уште е висок бројот починати од корoнаворусот што се движи меѓу 250 и 300 дневно.

Дали ќе следи нова ковид-хистерија, паралелно со случувањата во Украина?!

Извор: МИА