ГЕРМАНИЈА ВРШИ НАЦИОНАЛНО САМОУБИСТВО

ГЕРМАНИЈА ВРШИ НАЦИОНАЛНО САМОУБИСТВО

Елитата опседната со екологија ги жртвуваше енергетската сигурност и снабдувањето со храна пред олтарот на климатската агенда.

Автор: Ралф Шоелхамер, доцент по економија и политички науки на Универзитетот Вебстер во Виена.

Германската влада минатата недела одлучи привремено да го запре постепеното исклучување на две нуклеарни централи. Ова е обид да се обезбеди снабдувањето со енергија на Германија, откако Русија ефективно го сопре извозот на гас во Германија. Но, има многу повеќе што германската влада би можела да направи доколку сериозно сака да ја зајакне својата енергетска безбедност. Може, на пример, да ја поништи забраната за фракинг (експлоатација на гас и нафта од шкрилци) од 2017 година. Како што покажува владиниот извештај од 2016 година, Германија се наоѓа на наоѓалишта на гас од шкрилци од повеќе од два трилиони кубни метри – 20 пати повеќе од нејзината годишна потрошувачка на гас. Фракингот реално би можел да покрие 10 отсто од потребите на Германија за гас годишно. Уште поохрабрувачки, извештајот покажува дека фракингот во Германија може да се направи без да му наштети на јавното здравје или животната средина. Затоа, фракингот може да помогне да се обезбеди долгорочно решение за енергетската криза која моментално само се продлабочува.

Германија гледа во бездната благодарение на енергетската криза. Германската индустрија можеби ќе треба дури и да го намали производството за да се справи со зголемените трошоци за енергија. Производителот на челик ArcelorMittal веќе објави дека ќе ги затвори високите печки во некои од своите погони.

Фрекингот нема да ги реши овие проблеми преку ноќ – ќе бидат потребни неколку години за да почне искористувањето на депозитите во целост. Но, давањето зелено светло за фракинг сигурно ќе испрати сигнал дека Берлин е сериозен да и помогне на германската индустрија.

Тековниот недостаток од руски гас, исто така, влијаеше на производството на храна во Германија. Како што сега стојат работите, 70 отсто од производството на вештачки ѓубрива во Европа, кое зависи од гасот, е запрено. Ова може сериозно да го попречи земјоделското производство во 2023 година и да доведе до огромен недостиг во снабдувањето со храна.

Сепак, се чини дека германските политички лидери ја ставаат својата посветеност на „зелената религија“ над сè друго – вклучително и потребата да се справи со повеќекратните кризи со кои сега се соочува Германија.

Земете го за пример Џем Оздемир, германскиот министер за храна и земјоделство. Во интервју за „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, тој рече дека:

„гладот не треба да се злоупотребува како аргумент за да се направат компромиси во однос на биолошката разновидност или заштитата на климата“(!).

Овде Оздемир ефективно ја отфрли загриженоста на луѓето за производството на храна како ништо повеќе од обид да ги поткопа еколошките планови на неговата влада. И така, сега германската влада, цврсто држејќи се до зелената агенда, ја удвојува својата самоубиствена политика. Навистина, Берлин планира да го зголеми органското земјоделство во Германија на приближно 30 отсто од целото земјоделство до 2030 година. Како што истакнува научниот новинар Аксел Бојановски, оваа политика ќе ја претвори Германија од самодоволен производител на жито во нето увозник на жито.

Ова би било катастрофа со глобални последици. Веќе видовме како одлуката на западните земји да го отфрлат домашното истражување на гас во корист на купување гас на глобалниот пазар ги зголеми цените на ниво што само тие можат да си го дозволат – додека во земјите во развој како Пакистан, светлата се гасат. Потегот на Германија кон органско земјоделство, што се очекува да го следи остатокот од Европа, ќе има сличен ефект врз цената на житото и другите прехранбени производи.  Не дека германската влада изгледа загрижена од ова. Изгледа повеќе се среќни и со тоа да го намалат сопствениот земјоделски сектор во име на заштита на животната средина.

Ништо од ова не треба да не чуди. Одново и одново, германските елити застануваа на патот на напредокот, неопходен за човечкиот процут, ограничувајќи го развојот на производството на храна и енергија. И тие го направија тоа преку политиката на страв, со последователни влади кои се плашат за опасностите од гасот и нуклеарната енергија. Нормално е да се запрашаме, што е поопасно во моментов – климатските промени или деструктивните, ненаучни и идеолошки политики донесени во нејзино име?

Во 2004 година, германскиот министер за животна средина, Јирген Тритин, вети дека енергетската транзиција од фосилни горива кон извори на енергија со нула јаглерод ќе го чини просечното домаќинство не повеќе од 1 евро месечно – „цената на една топка сладолед“. Од денешна гледна точка, ова тврдење звучи апсурдно. Наместо тоа, енергетската транзиција, како и со многу други политики за кои се залагаат политичарите наклонети кон зелените, најверојатно драстично ќе осиромаши големи делови од Европа.

На еколозите ова во голема мера не им пречи. Британскиот писател Џорџ Монбиот, во неодамнешниот обид да го оправда повикот за прекин на сточарството, тврдеше дека „јадењето месо, млеко и јајца е уживање што планетата не може да си го дозволи“.

За зелените идеолози, тешкотиите се цена што се очекува да ја платат обичните луѓе. Ова е срамно. Модерната технологија обезбедува толку многу решенија за нашите проблеми. Но, зелените политичари во Германија стојат на патот на прогресот и на користењето на овие решенија.

Извор: https://www.spiked-online.com/2022/09/14/germany-is-committing-national-suicide/

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите за помошта.
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!