“ГИ УБИВАВТЕ ЛУЃЕТО НА ИНТЕНЗИВНА НЕГА! ГИ УБИВТЕ ЛУЃЕТО И ПРОДОЛЖУВАТЕ ДА ГО ПРАВИТЕ ТОА, НО НЕМА ДА ВИ ПОМИНЕ, ЌЕ ОДГОВАРАТЕ ЗА ТОА!” – СЛЕП ПРАТЕНИК СО НАЈЕМОТИВНИОТ ГОВОР ВО ГРЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ

Кога за еден потполно слеп пратеник, возрасен човек од 70 години ќе биде повикано обезбедувањето да го отстрани од салата каде е избран како народен пратеник, а претходно претседателот на парламентот ќе му понуди “да ја повлече изјавата”, тогаш знаеме дека живееме во еден, не нео-фашизам, туку фашизам во вистинската смисла на зборот.

Соседна Грција, левичарскиот пратеник на СИРИЗА, Панајотис Куруплис, кој воедно е про-ваксер, се чини дека конечно ја дозна вистината околу сите случувања со лечењето во болниците во Грција, протоколите за лечење и задолжителната вакцинација која ја уништува земјата и ги деградира луѓето, инаку многу слична ситуација како и во другите делови на светот, вклучувајќи ја и Македонија.

Како овој пратеник го смени своето првично мислење и од поддржувач на владините мерки, стана човек кого завчера (16 декември) сакаа да го отстранат од пратеничката говорница?!

Во моментот кога близок човек, пријател, роднина или познаник ќе стане жртва на вакцината или, како во случајов, жртва на т.н. лекување во болниците (каде умираат над 95% од починатите од ковид), тогаш очигледно кај сите “светнува одредена сијаличка.”

7.500 доктори се отпуштени затоа што не се вакцинирани! Но не го правите истото со полицијата, затоа што тоа е вашето место, место од каде вршите влијание! Не го правите истото! Ова е селективен избор кој е провокативен и навредлив за грчкиот народ!

Па чекаме да дојде Премиерот кој беше должен да поднесе оставка по следното откритие, затоа што ќе одговарате, нема да ви помине така лесно, луѓе се убиени во оваа средина!

Сфатете го тоа, сфатете што се случи во земјава!

Срамота, треба да ви биде срам, уште и дрско одговарате, барем замолчете! Срамота, срамота! (во меѓувреме некои од другите пратеници му дофрлаат на Куруплис од своите места, измевајќи го, а обезбедувањето влегува во салата).

Ги убивте луѓето! Ги убивавте и продолжувате да го правите тоа, срамота, илјадници луѓе умреа, тоа е вистината, без разлика дали ви се допаѓа или не, луѓето се убиени!

Колку и да викате, нема да ви помине, нема да ви помине, викајте колку што сакате… како не ви е срам…”

На ова ќе одговори Претседателот на Собранието кој на пратеникот Куруплис ќе му се обрати со зборовите: “Не провоцирајте! Ако сакате да ја повлечете изјавата, јас ве молам да ја повлечете!”

“Мене ми се обраќате, господине претседателе?” – одговара Куруплис.

“Мене ли ми се обраќате, господине претседателе? Не, нема да престанам, имам право да зборувам!

Ништо јас не повлекувам, ништо! Луѓе се убиени!

Ќе одговарате за мојот пријател! Што и да направите, вие сте одговорни за тоа! Барем бидете скромни, признајте дека се случила грешка! Немојте да сте дрски, ЛУЃЕТО УМРЕА, дали разбирате?! Луѓето умреа неправедно! Ова е вистината, ништо повеќе, ништо помалку!” – завршува Панајотис Куруплис.

Истата вечер, по опомената од Претседателот на Собранието, храбриот Куруплис е повикан во седиштето на својата партија, средба која завршува со негово исклучување од истата. Куруплис, по никоја цена не сакал да се одрече од своите изјави во собранието како што му било наредено од своето партиско раководство.

Ова, веројатно најемотивно обраќање во парламентите за 2021 година, можете да го проследите во целост во продолжение:

Следете ја нашата Фејсбук страна и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrtcom/) или на email (kolovrt.info@gmail.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!