тегнел нова

ГЛАВНИОТ ШВЕДСКИ ЕПИДЕMИOЛOГ ТЕГНEЛ: “ОMИКPOH НЕМА ДА ЗНАЧИ НИКАКВА ПРОМЕНА НА ШВЕДСКАТА СТРАТЕГИЈА ЗА KOBИД! ФУНКЦИОНИРАШЕ И ФУНКЦИОНИРА!”

Појавата на новата омикрон варијанта нема да доведе го промени во шведската стратегија за справување со ковид, рече Андерс Тегнел во вторникот, инсистирајќи дека “таа функционирала во минатото.”

За разлика од другите земји, во Шведска никогаш не дојде до карантин и се препорачуваше употребата на маски за лице само во исклучителни случаи, како пикот во јавниот транспорт и посетата на здравствените установи.

Смртните случаи во Шведска се на исто ниво со европскиот просек, Тегнел ќе соопшти во интервјуто.

“Ефектите на шведските мерки не беа многу различни од ефектите на мерките во многу други држави,” вели тој.

Сепак, на 1 декември започнува употребата на ковид сертификатот и во оваа земја, и тоа само за настани на затворено на кои ќе присуствуваат повеќе од 100 лица.

Оваа одлука беше донесена пред појавата на новата омикрон варијанта.

Како и да е, според Тегнел, истиот пристап користен во претходните бранови треба да биде доволен за борба со новата варијанта. “Тоа функционираше во минатото, засега не гледаме причини зошто не би функционирало и сега.”

“Сеуште е истата болест. Ја имаме секоја причина да веруваме дека мерките кои веќе се во сила ќе фунцкионираат и за оваа варијанта”, дециден е Тегнел.

“До кој степен вакцините ќе штитат од новата варијанта е можеби главното загрижувачко прашање. Немаме многу податоци да кажеме да или не околу ова,” вели тој, додавајќи дека “Нема никаков знак дека предизвикува посериозна болест од претходните варијатни.”

Шведска моментално има една од најниските стапки на зараза во Европа и притоа донесе одлука да не ги тестира вакцинираните луѓе дури и тие да покажат некакви симптоми на вирусот.

Следете ја нашата Фејсбук страна и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrtcom/) или на email (kolovrt.info@gmail.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!