nato polska

ГОЛЕМИ ВЕЖБИ НА НАТО ВО ПОЛСКА ВО КОИ УЧЕСТВУВААТ ИЛЈАДНИЦИ ВОЈНИЦИ

Полските вооружени сили објавија дека започнале воени вежби во кои учествуваат илјадници војници на НАТО.

Станува збор за редовни вежби кои имаат за цел да ја подобрат безбедноста на источното крило на Алијансата, но годинава се одржуваат во време кога во соседството беснее војната во Украина.

Поради овие околности полската армија денеска апелираше до јавноста да не објавува информации или слики за колоните воени возила кои се очекува да се движат низ земјата во наредните недели.

Министерството предупреди дека „непромислената активност“ може да ја оштети безбедноста на Алијансата.

Внимаваме на опасности“, се вели во соопштението.

Полската армија објави дека 18.000 војници од повеќе од 20 земји ќе учествуваат во вежбите „Бранител на Европа 2022“ и „Брз одговор 2022“, кои се одржуваат во Полска и во уште осум земји.

Вежбите треба да траат од 1 до 27 мај.

Во петокот беше најавено дека десетици илјади војници од членките на НАТО и другите северноатлантски земји ќе учествуваат во серија воени вежби низ Европа во наредните недели, со цел да се одврати Русија од можен напад.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!