ГРЦИЈА ГИ УКИНУВА BAKЦИHAЛНИОТ СЕРТИФИКАТ И МАСКИТЕ!

ГРЦИЈА ГИ УКИНУВА BAKЦИHAЛНИОТ СЕРТИФИКАТ И МАСКИТЕ!

Сертификатот за вaкцинација или прележан Кoвид 19, како и задолжителниот тест за невaкцинираните што важат за влез во сите простори во внатрешноста на Грција, се укинуваат од 1 мај, а за правилата за патување во земјата, дополнително ќе се донесе одлука.

Министерот за здравство на Грција Танос Плеврис, претпладнево ги соопшти одлуките на Владата за олабавување на мерките, меѓу кои, освен укинувањето на сертификатот, се укинува и задолжителната маска на затворено од 1 јуни, како и задолжителниот селф тест за учениците.

„Од 1 мај до 31 август се укинува сертификатот за вакцинација и прележана болест за влез во сите простори, затворени и отворени. Тоа значи дека и онаму каде што беше задолжително тестирање, нема да биде потребно да се спроведува. Мерката, одново ќе се разгледа на 1 септември. Паралелно, во следниот период ќе се разгледа и укинувањето задолжителното покажување на европскиот сертификат за влез во земјава, па така ќе постои ново соопштение,“ рече Плеврис.

Исто така од 1 мај нема да биде потребно учениците да се тестираат со селф тестови, невакцинираните вработени ќе прават само еден рапид тест седмично, а сите простори ќе работат со 100 отсто од капацитетот и се укинуваат секакви ограничувања.

До крајот на следниот месец останува задолжителна маската за внатрешните простори, нешто што ќе се укине од 1 јуни.

-Сите мерки одново ќе се разгледаат на 1 септември, согласно ситуацијата со пандемијата, истакна Плеврис.

Во пракса, новите одлуки значат дека во отворените и затворените објекти во Грција, каде досега се бараше валиден сертификат за вакцинација со непоминати, првично седум, а сега девет месеци од втората доза или потврда за прележан Ковид-19 што важеше 90, а сега 180 дена или тест за невакцинираните, од 1 мај нема да биде потребен никаков документ и пристапот ќе биде слободен за сите, и за вакцинирани и за невакцинирани.

Меѓутоа, за патување и влез во Грција, сè додека не постои конкретна одлука, остануваат во сила актуелните правила и и понатаму ќе биде задолжителен документ за Ковид-19, односно сертификат за вакцинација, валиден девет месеци по втората доза и без ограничувања за примена бустер, потврда за прележан Ковид-19 до 180 дена по првиот позитивен тест или негативен резултат од ПЦР/рапид тест.

За време на Велигденските празници, нема никакви промени на мерките што важат сега, а според Плеврис, по две години пауза сите религиозни настани ќе се одржат регуларно, со почитување на здравствените протоколи.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!