ХАРАРИ ПОРАЧА - ЛУЃЕТО НАСКОРО ЌЕ НОСАТ БИОМЕТРИСКИ СЕНЗОРИ ВО СЕБЕ ЗА ДА МОЖАТ ДА БИДАТ СЛЕДЕНИ ОД ВЛАДИТЕ (ВИДЕО)

ХАРАРИ ПОРАЧА – ЛУЃЕТО НАСКОРО ЌЕ НОСАТ БИОМЕТРИСКИ СЕНЗОРИ ВО СЕБЕ ЗА ДА МОЖАТ ДА БИДАТ СЛЕДЕНИ ОД ВЛАДИТЕ (ВИДЕО)

Советникот на Светскиот економски форум и еден од главните идеолози на трансхуманизмот, Јувал Ноа Харари, не може да го сокрие фактот дека тој и неговите колеги сакаат целосно да го поробат човештвото. А тоа секако би бил само мал чекор кон целосно искоренување на сите тие „бескорисни јадачи“.

Главниот советник на Светскиот економски форум вели дека луѓето наскоро ќе носат „биометриски сензори“ за секое нивно движење и телесни функции да можат постојано да се следат од страна на тоталитарните влади ширум светот.

Ова се најновите коментари на советникот на израелскиот советник на Светксиот економски форум. Тој неодамна јавно изјави дека на светската елита „не и треба живо огромното мнозинство од населението“, исмејувајќи го човештвото како неинтелигентно и безвредно. Во друга прилика, истиот советник на СЕФ се запраша како да се забавуваат останатите „бескорисни луѓе“ откако ќе бидат заменети со вештачка интелигенција. За таа цел, тој предлага луѓето да бидат опивани со дроги и видео игри.

Јувал Ноа Харари, советник на Светскиот економски форум, Израелец и професор по историја на Хебрејскиот универзитет во Ерусалим, стана познат по својот антихуман став додека мрачниот СЕФ презема сè повидлива улога на глобалната сцена. Под водство на Клаус Шваб, син на голем индустријалец од Третиот Рајх, СЕФ јавно промовира политички кандидати за кои велат дека ќе „освојат“ избрана функција во нивно име, вклучително и во Соединетите држави, се со цел да ги поддржат нивните орвеловски политики.

„Многу наскоро, луѓето ќе се шетаат со биометриски сензори на нивните тела или дури и во нивните тела, а тоа ќе им овозможи на Google, или Facebook, владата на Кина или кој било друг постојано да следат што се случува во нивните тела“, рече Харари во неговото неодамнешно интервју.

Застапувањето на Харари за биометриски сензори под контрола на нео-либералните светски влади и големите технолошки компании ги повторува другите изјави што тој ги дал во текот на годините.

Во авторски текст од 2020 година, Харари повика на „глобален план“ за универзално носење биометриски сензори, користејќи го вирусот KOBИД-19 како причина. Харари ја отфрли загриженоста за приватноста и другите основни човекови права кои ќе бидат уништени со неговиот план за 24-часовен биометриски надзор, пишувајќи дека луѓето едноставно треба да „и веруваат на науката, да и веруваат на владата и медиумите“, тврдејќи дека „политичарите“ кои ги охрабриле нивните поддржувачите да не го прават тоа се „автократи“.

Иако изјавите на Харари кренаа прашина додека кружеа на Интернет, тој не е сам во своите тирански и античовечки ставови, па така на Светскиот економски форум има многу свои истомисленици.

Неодамна, приматологот Џејн Гудал (Jane Goodall), која се здоби со светска слава бидејќи живееше во дивината меѓу мајмуните, за време на говорот на Светскиот економски форум тврдеше дека целата низа светски проблеми би претставувала „никаков проблем“ доколку се избришат дури 94 отсто од човечката популација.

Во друг случај, кружеше вознемирувачко видео во кое Светскиот економски форум промовираше планови за блокирање на сонцето со „вселенски меури“. Иако звучеше како заплет на научно-фантастичен филм за светска доминација, СЕФ беше целосно сериозен во врска со својот предлог, тврдејќи дека блокирањето на сонцето ќе ги спречи „климатските промени“.

Како што беше споменато претходно, Светскиот економски форум презема сè појавна улога на глобалната сцена, тесно соработувајќи со голем број американски законодавци и јавни личности, вклучително и републиканскиот конгресмен од Тексас, Ден Креншо (Dan Crenshaw).

На почетокот на летото, Креншо беше брзо одведен од неговите полициски чувари кога го испрашуваа за неговите врски со СЕФ, која промовира „инфилтрација“ на нејзините пријатели на јавни функции. Креншо го поддржа законодавството за конфискација на оружје во Конгресот и соработуваше со демократите за да инкасира милијарди американски даночни долари во Украина.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите за помошта.
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!