amerika rusija kina

ХЕНРИ КИСИНЏЕР: АМЕРИКА НА РАБОТ НА ВОЈНА СО РУСИЈА И КИНА

Поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер (99) смета дека САД се на работ на војна со Москва и Пекинг, поради прашања што самите ги создаваат, пренесе РИА Новости.

Ние сме на работ на војна со Русија и Кина за прашања кои делумно самите ги создадовме, без идеја како ќе заврши или каде треба да води“, изјави Кисинџер за Волстрит журнал.

Тој истакна дека се што може да се направи е „да не ескалира тензијата“ и да се создаваат можности, но истовремено мора да има цел.

Кисинџер истакна дека претходно сметал дека најдобро решение за Украина е да биде „нешто како Финска“, која не е дел од Северноатлантската алијанса.

Но, бидејќи околностите се променија по руската операција, Кисинџер смета дека „вака или онака, официјално или не, Украина треба да се третира како членка на НАТО“.

Што се однесува до договорот за Украина, тој оценува дека за Русија решението на конфликтот веројатно би значело задржување на Крим и делови од Донбас.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите за помошта.
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!