blokada vo severna koreja

KOPОНА ХИСТЕРИЈАТА ДОВЕДЕ ДО ПОТПОЛНА БЛОКАДА ВО ГЛАВНИОТ ГРАД НА СЕВЕРНА КОРЕЈА

Главниот град на Северна Кореја, Пјонгјанг, де факто воведе целосна блокада поради ширењето на епидемијата на кoронавируc, бидејќи работат само основните служби, соопшти денеска руската амбасада во Пјонгјанг.

– Ограничувањата воведени на 10 мај се исклучително строги, особено во Пјонгјанг, каде бројот на пациенти е поголем од националниот просек. Овде е воведена де факто целосна блокада – соопшти руската амбасада, пренесува ТАС С.

Од 22 мај, околу 2,8 милиони луѓе во Северна Кореја се заразени со треска, или околу 11 отсто од населението, соопшти амбасадата, истакнувајќи дека не е јасно колку случаи на треска се предизвикани од кoронавируcот.

Во Северна Кореја досега се пријавени 68 смртни случаи кај пациенти со симптоми на треска, а официјалната севернокорејска новинска агенција потврди дека лидерот Ким Џонг Ун наредил затворање во сите градови и региони во земјата.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!