ХОЛИВУД ГО КРЕВА СВОЈОТ ГЛАС ПРОТИВ KOBИД АГЕНДАТА! БИЛ МАХЕР И ВУДИ ХАРЕЛСОН ЈА НАПАДНАА ФАРМАКОМАФИЈАТА И KOPОНА ХИСТЕРИЈАТА

ХОЛИВУД ГО КРЕВА СВОЈОТ ГЛАС ПРОТИВ KOBИД АГЕНДАТА! БИЛ МАХЕР И ВУДИ ХАРЕЛСОН ЈА НАПАДНАА ФАРМАКОМАФИЈАТА И KOPОНА ХИСТЕРИЈАТА

Актерот Вуди Харелсон за време на едно неодамнешно интервју изјави дека „фармако мафијата и американската влада“ се „последните луѓе“ на кои сакал да им верува за да донесуваат здравствени одлуки наместо него.

Познатиот актер ја коментираше целата ситуација за време на појавувањето на подкастот „Club Random with Bill Maher“ во неделата, каде 61-годишникот меѓу другото зборуваше и за пaндемијата на KOBИД-19.

И двајцата се согласија да имаат здрав скептицизам за фармацевтската индустрија и владата, при што Харелсон отиде дотаму што рече дека се сомнева во алтруистичката природа на сојузот меѓу двете тела.

Прашањето за профитот поврзано со KOBИД-19 се појави кога Махер го праша Харелсон дали верува дека фармацевтската индустрија ќе се заложи за „повеќе засилувачи отколку што е потребно“ само заради профит. Харелсон се осврна на ова прашање, зборувајќи за неговите фрустрации од начинот на кој се справуваa со пандемијата.

Владата им помага на големите корпорации, индустрии, на сите луѓе кои… ги донесоа тие луѓе во Конгресот“, додаде тој. „За сите овие луѓе мора да се води грижа.“

Водителот на подкастот се согласи, велејќи дека повеќето Американци „не веруваат во ЦДЦ (Центарот за контрола и превенција на болести).“

Коментарите на Махер за довербата во ЦДЦ беа поткрепени со анкета на NBC News претходно оваа година, која покажа дека само околу 44% од Американците веруваат во она што ЦДЦ има да го каже за KOBИД-19.

Харелсон продолжи, велејќи: „Во ред, еве ЦДЦ промовира дека треба да ги правиме сите овие работи“, рече актерот. „Не ми се допаѓа военото профитерство… Замислете ги милијардите долари кои отидоа за фармафијата.“

„Враќајќи се на првобитната точка, последните луѓе на кои би им верувал на моето здравје се Биг Фарма (Големата Фармацевтска Индустрија) и владата, бидејќи ниту еден од нив не го сметам за грижлив ентитет“, додаде актерот. „Сѐ е до профит, сѐ е до профит. Профитот што го направија е очигледен“.

Двајцата мажи потоа го фокусираа својот разговор на тоа зошто владата и главните медицински експерти никогаш не предложиле алтернативен начин за лекување на KOBИД-19. Актерот исто така се жалеше што другите терапии кои не се развиени специјално за KOBИД-19, како што се ивермектин и хидроксихлорокин, се сметани дека се „смешни“.

„Немаше ни сугестија дека можеме да го решиме ова внатрешно со зајакнување на нашиот имунолошки систем“, објасни Махер. „Не само со диета, туку со некои основни работи што можете да ги правите… наместо да се затворате.“

Харелсон рече за промовираниот наратив за лекување на KOBИД-19: „Имаше само едно нешто што можеше да функционира, а тоа беше вaкцината, нели? И така на крајот поради тоа беа заработени милијарди долари“.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите за помошта.
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!