томислав домазет лошо

ХРВАТСКИ ПРОФЕСОР НА МЕДИЦИHCKИ ФАКУЛТЕТ И НАУЧHИK: “PHК BAKЦИHИTE ЌЕ ИМААТ ПОГУБНИ ПОСЛЕДИЦИ ВРЗ НАСЕЛЕНИЕТО, МОЛЕКУЛИТЕ ОД BAKЦИHATA МОЖАТ ДА ПРЕДИЗВИКААТ ТУMOPИ И ГЕHETСКИ БOЛECTИ” (ВИДЕО)

За ваква, или слична изјава од официјално медицинско лице, несомнено можевме само да сонуваме до пред само неколку месеци, но како што подзаспаниот народ полека се буди, од истите процеси се зафатени и луѓето од стручната фела, научниците, докторите и професорите на медицина, кои повеќе не можат да молчат пред налетот на ова “лудило”.

Еден од нив е и проф. д-р Томислав Домазет Лошо, инаку вонреден професор на медицинскиот факултет при Католичкиот Хрватски Универзитет во Загреб и виш научник на истакнатиот Институт Руѓер Бошковиќ во Загреб.

Тој, преку свое лично обраќање на Јутјуб, ќе изнесе досега забранети информации за вакцините, кои главните “мејнстрим” медиуми, како и фармацевтските гиганти, строго ги чуваат скриени од широките народни маси.

Во видеото (со кое и неговата позиција, но и неговиот живот се доведува во прашање) во траење од неполни 30 минути, Лошо ги изнесува своите сознанија за мРНК технологијата и можните страшни последици од нејзиното аплицирање во човековиот геном (преку вакцинирањето), последици кои, според него, би можеле да бидат погубни по целокупното население.

мРНК вакцините за ковид се изградени на една невистина дека мРНК молекулите не се вградуваат во човековиот геном.

Производителите никогаш не ја тестирале можноста за вградување на мРНК молекулите во геномот, а регулаторните тела тоа никогаш не ни го побараа, иако мораа. Во документите на регулаторните агенции јасно стои дека генотоксичноста и канцерогеноста на мРНК молекулите од вакцините никогаш не е тестирана!

Според сите белешки, мРНК молекулите од вакцината можат да се интегрираат во геномот. Сите применети инженерски решенија укажуваат дека мРНК молекулите од вакцината, свесно или несвесно, се дизајнирани да што полесно се вградат во човековиот геном.

Евентуалната интеграција на мРНК молекулите од вакцините во геномот може да предизвика тумори и наследни генетски болести. Врз основа на сѐ, сосема е можно мРНК вакцините да имаат погубни последици врз населението, а најпогубни ќе бидат по трудниците, децата и младите,” дециден е Томислав Домазет Лошо.

На крајот на видеото, односно неговото излагање, професорот го поставува и прашањето:

“Со која намера се направени мРНК вакцините за ковид? Уверен сум дека по ова мое излагање и самите можете да дојдете до одговорот на ова прашање!”

Целосното видео можете да го проследите во продолжение:

Следете ја нашата Фејсбук страна и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrtcom/) или на email (kolovrt.info@gmail.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!