Зоран Милановиќ

ХРВАТСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ МИЛАНОВИЌ СО НОВ СИЛЕН УДАР ПО KOВИД АГЕНДАТА: “KOВИД СЕРТИФИКАТИТЕ СЕ ПРОТИВ ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА!” (ВИДЕО)

Се чини дека изјавата на претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, од пред еден месец, кога ќе каже дека Брисел не може да очекува повеќе од 50% од граѓаните на Хрватска да се вакцинираат беше само вовед во неговите континуирани “шамари” за глобалната ковид агенда.

Во една прилика ќе каже: “Оние кои се вакцинирани не се во опасност, но зошто тогаш носат маски?! Неверојатно е колку се луѓето послушни, дури и кога не треба да бидат.”

“Овие забрани немаат смисла. Оние мерки кои се усвоени минатата година задираат во темелите на слободата. Тоа не смее да се повтори!”

На прашањето каков е неговиот коментар на тоа дека просекот на вакцинирано население во Хрватска е под просекот на ЕУ, Милановиќ е уште пожесток: “Не ми е грижа, доволно сме вакцинирани и сите тоа го знаат. Значи, нема да одиме над 50%, а тие можат да не оградат со жица!”

После овие смели изјави за кои речиси и немаше место во нашите, па дури и во хрватските медиуми, овојпат Милановиќ на конференција за новинари ја одбра темата околу ковид сертификатите, но и основните човекови права кои се кршат во Хрватска на предлог на тамошниот кризен штаб.

“Неверојатна е послушноста на луѓето кога можеби не би требало да слушаат. Што ќе ви е маска доколку сте вакцинирани? Ако не сте, влегувате на сопствена одговорност” – рече Милановиќ.

“Ќе кажам уште еднаш. Кога ќе имаме повеќе вакцини отколку заинтересирани луѓе (да се вакцинираат), тогаш овие мерки губат секаква смисла.”

На прашањето поврзано со ковид сертификатите, Милановиќ кажа дека тоа е само ситница спрема противуставните мерки кои се донесени минатата година и дека сè тоа секако противречи на човековите права.

Се соочуваме со досега НЕВИДЕНА ЦЕНЗУРА на просторот на Република Македонија, па токму поради тоа и поради можноста да бидете во тек со буквално СИТЕ НОВИ ИНФОРМАЦИИ, следете ја нашата ФАН СТРАНА НА ФЕЈСБУК и нашиот КАНАЛ на единствениот медиум на интернет просторот БЕЗ ЦЕНЗУРА, Телeграм:

https://t.me/kolovrtcom