деца

И ОВА ГО ПРИЗНАА! ПEДИJATAPОТ МАТОСКИ: “ДОЛГОТО НОСЕЊЕ МACKИ МОЖЕ ДА БИДЕ ШТETНО ЗА ДЕЦATА!”

Со сѐ поголемиот притисок врз надлежното министерство околу укинување на задолжителното носење маски за учениците, сѐ повеќе доктори и научници се охрабруваат јавно да истапат и да го кажат тоа што сите веќе го знаеме – маските при нивно долготрајно носење, особено кај децата, се дефинитивно штетни!

Токму поради ова, ќе потсетиме на изјава на прим. д-р Климент Матоски, кој ќе рече: “Маските што ги носат учениците штитат од инфекција со коронавирусот, повеќе или помалку, зависно од материјалот од кој се направени и од правилната употреба, но го намалуваат квалитетот на вдишениот воздух и при долга употреба може да имаат лоши последици.”

“Одговорот на прашањето дали и колку маските се штетни за здравјето е многу комплексен, но во принцип, со дишењето преку маска, особено ако тоа трае подолго време, се намалува квалитетот на вентилација на белите дробови со кислород. Мора да се земе предвид и квалитетот на матерјалот од кој е произведена маската, правилната поставеност на маската и многу друго. Со долгото дишење преку маска, белите дробови добиваат воздух кој содржи голема количина резидуелен – заостанат дел, кој има се помала концентрација чист кислород. Ова крие бројни лоши последици,” објаснува докторот.

„Децата во градинките не носат маски, и не видовме пренесување на болеста, голем број заразени деца, ниту затворање на градинка. Децата во училиштата до трето одделение учат со маски, без скратени часови до 13 часот. Тоа е предолг период, и посебно загрижувачки е што деца од шест години поминуваат по пет часа со маска. Навистина сум загрижена“ – коментира на социјалните мрежи мајка на ученик.

Да потсетиме и дека хистеријата на некои од главните “мејнстрим” медиуми дека отворањето на училиштата ќе направи т.н. кластери и ширење на корона вирусот се покажа како неверојатно лажна! Впрочем, бројот на активни случаи од 1 септември досега, константно се намалува! Уште еднаш упатуваме апел до надлежните, за таа хистерија некој и кривично да одговара!

Следете ја нашата Фејсбук страна и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrtcom/) или на email (kolovrt.info@gmail.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!