И ОВИЕ СЕ ЗА ДЕНАЦИФИКАЦИЈА: НАВИВАЧИ НА ДИНАМО ЗАГРЕБ МАРШИРААТ НИЗ МИЛАНО КОРИСТЕЈЌИ НАЦИСТИЧКИ ПОЗДРАВ (ВИДЕО)

И ОВИЕ СЕ ЗА ДЕНАЦИФИКАЦИЈА: НАВИВАЧИ НА ДИНАМО ЗАГРЕБ МАРШИРААТ НИЗ МИЛАНО КОРИСТЕЈЌИ НАЦИСТИЧКИ ПОЗДРАВ (ВИДЕО)

Некои навистина не можат да се откажат од своето нацистичко минато…

Навивачите на Динамо Загреб повторно си направија нацистичка забава, овој пат на гостувањето во Милано во второто коло од Лигата на шампионите.

На стадионот „Сан Сиро“ беше многу тензично поради навивачите од Хрватска кои пристигнаа со нацистички поздрави, а снимката го згрози целиот свет.

Навивачите ја креваа десната рака и салутираа со нацистичкиот поздрав. Од видеото се гледа дека не се работи за изолирани случаи, бидејќи стотици луѓе ги креваат рацете во воздух со Хитлеровскиот поздрав.

Но, тоа беше само дел од нивниот скандалозен репертоар и тоа во самиот град.

Десетина мажи се снимени како со стапови удираат во трибина за сендвичи пред стадионот и тероризираат работничка.

„Ве молам престанете“, им викаше расплаканата и исплашена работничка на бројните хулигани кои уништуваа сѐ на што ќе наидат.

Еден од навивачите на Динамо беше избоден со нож за време на нередите, но за среќа повредите не беа опасни по живот.

Поради дивеењето уапсени се 14 навивачи на Динамо на кои им биле пронајдени палки, ножеви и пиротехнички средства.

На тој дуел инаку Динамо беше поразен од страна на италијанскиот Милан со 3:1.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите за помошта.
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!