аљоша иваноски

И ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ ГО КРЕВААТ ГЛАСОТ ПРОТИВ ПРИСИЛНАТА BAKЦИHAЦИЈA: “ВО МЕДИЦИНАТА ЗА ДА ДАДЕШ ЛЕК ПОТРЕБНА Е СОГЛАСНОСТ, КОЈ ЌЕ ГАРАНТИРА ЗА МОЕТО ЗДРАВЈЕ?!”

Речиси сите сфери од општеството жестоко реагираат на новите дискриминаторски мерки на Комисијата за заштита од заразни болести и министерот за здравство, Венко Филипче.

Конечно, сведоци сме и на официјални реакции и на оние кои се, несомнено, најзасегнати со паднемијата во изминатите две години, здравствените работници.

Радиолошкиот технолог во Општата Болница “Борка Талески” во Прилеп, преку неговиот Фејсбук статус, нема да штеди зборови против присилната вакцинација и дискриминацијата со која се соочуваат тој и неговите колеги.

Неговиот текст ви го пренесуваме во целост, во оригинал:

“Предлог одлуката на Комисијата на заразни болести за ЗАДОЛЖИТЕЛНА вакцинација на здравствените работници и за вакцинација на сите вработени во јавната администрација, за мене како здравствен работник е НЕНОРМАЛНА.

Во медицината за да дадеш некому ЛЕК, потреба ти е негова согласност. Па така и со вакцината. Никој нема право да ми налага дали треба да примам нешто против одредена болест.

Право на избор !!!

Ги затворивте кафичите за невакцинираните? ОК.

Ги затворивте сите објекти за невакцинираните? ОК !!

Ги затворивте границите за невакцинираните? ОК !!!

Ете НЕ САКАМЕ да се вакцинираме !! Не можи да не натерате. Шо е проблемот??

Кој тоа ми гарантира дека вакцината која ќе ја примам нема да остави никакви последици врз моето здравје?

Дали откако ќе ја примам вакцината нема повеќе можност да се заразам?

Сам ќе си ги одговарам прашањата:

– Никој не ми гарантира !!

– Вакцината не ме штити од заразата !!

Според тоа, која е целта да земам лек БЕЗ МОЈА СОГЛАСНОСТ за кој никој не ми гарантира дека е безбеден по моето здравје.

И зошто да земам лек без моја согласност кога ПАК може да се заразам и да ја ширам заразата и пак да сум опасност за околината?

Како тоа ЗАДОЛЖИТЕЛНА ВАКЦИНАЦИЈА ЗА ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ!? Како тоа ЗАДОЛЖИТЕЛНО нешто за кое никој не ти гарантира дека е безбедно и кое не ја спречува заразата со вирусот? ЗАДОЛЖИТЕЛНА ваккцинација на работно место против моја воља јас го сметам за притисок, што пак од друга страна се смета за МОБИНГ !!

Зошто само за здравствените работници задолжителна вакцина?? Ако е задолжителна, нека влезе вакцината во листата на задолжителни вакцини за сите граѓани, како оние вакцини против туберкулоза, против хепатит и т.н.

Зошто вакцината да е ЗАДОЛЖИТЕЛНА за здравствените работници а за останатите не!? Тоа нели е поделба на населението? Зошто некој службеник во банка има право на избор, а јас како здравствен работник да немам право на избор? Зошто моето работно место да виси на конец поради нешто што НЕ САКАМ да го примам, а не сакам затоа што никој не ми гарантира дека е безбедно и затоа што и покрај тоа шо ќе го земам пак може да се заразам и да ја ширам заразата?

И како тоа ЗАДОЛЖИТЕЛНА вакцинација а со вакцина која ДРУГ ќе ја избере за мене?

Министере Филипче, ако барем малку останало разум во вас како човек, повлечете го предлогот за задолжителна вакцинација и за поделба на населението на вакцинирани и невакцинирани.Нема логика од таква поделба кога гледаме дека и вакцинираните може да се заразат и да ја шират заразата.

Никој нема право некому да му наложува да прими лек за кој не е согласен. Барем така е во медицината, а вие министере како лекар тоа треба да го знаете. Водејќи се од медицинската заклетва очекував вие прв да застанете во одбрана на медицинските пракси и заклетви.

И како тоа сега задолжителна вакцинација на здравствените работници? Ако не се вакцинирам, ќе ме избркате од работа? Лани во најголемиот ПИК кога му требавме на здравството не ни беше дозволено ни одмор да користиме, а сега ако не сме вакцинирани, тоа треба да го разбереме како се отказ од работните места? Срамота !!

Умиравме од работа по болници во скафандери по неколку часа, не ни беше дозволено ни еден ден да користиме одмор, за сега вака да не притискате? И ова сега е БЛАГОДАРАМ за сработеното? Срамота !!

Ако работното место ми зависи ќе се вакцинирам, ама на согласноста која треба да се потпише пред да се прими вакцината дека „Доброволно се согласувам да ја примам вакцината превземајќи го ризикот од несаканите дејства…“ е тука НЕМА ДА СЕ ПОТПИШАМ.

Затоа што нема да се вакцинирам по моја воља. И за да можам во некои подобри времиња да ја тужам државата затоа што ме вакцинирала БЕЗ МОЈА СОГЛАСНОСТ.

Јас како здравствен работник не сум против вакцината. Против поделбата сум !!!!” – завршува Иваноски.

Се соочуваме со досега НЕВИДЕНА ЦЕНЗУРА на просторот на Република Македонија, па токму поради тоа и поради можноста да бидете во тек со буквално СИТЕ НОВИ ИНФОРМАЦИИ, следете ја нашата ФАН СТРАНА НА ФЕЈСБУК и нашиот КАНАЛ на единствениот медиум на интернет просторот БЕЗ ЦЕНЗУРА, Телeграм:

https://t.me/kolovrtcom