ИНЦИДЕНТ ВО БУГАРСКОТО СОБРАНИЕ, ЗАРАДИ АПСЕЊЕТО НА БОРИСОВ.

Денешната собраниска седница почна со декларации на ГЕРБ-УДФ, ПП и БСП. Тензиите се зголемија за време на говорот на Георги Свиленски од БСП. Неговите зборови беа насочени против пратениците на ГЕРБ: „Вашиот страв е во тоа дека секој еден од вас, е засегнат од тоа што се случува …“, кажа Свиленски, по што пратениците на ГЕРБ, реагираа на провокацијата и бараа извинување од Свиленски.