модификација на времето со авионско засејување

ИСПЛИВА ДОГОВОР ЗА “МОДИФИКАЦИЈА НА ВРЕМЕТО СО АВИОНСКО ЗАСЕЈУВАЊЕ” ВО МАКЕДОНИЈА! НЕМА ДА ВЕРУВАТЕ СО ШТО! (СЛИКИ)

Денеска нашата редакција, со помош на наши читатели, успеа да дојде до еден документ, односно договор за јавна набавка кој покрена лавина реакции и кој, многу веројатно, владата не би сакала да биде предмет на јавна расправа.

Во случајов, се работи за договор на, од една страна – Управата за хидрометеоролошки работи, а од друга – Друштвото за воздушен транспорт АЕРОКЛУБ СКОПЈЕ ДОО Чучер Сандево, во вредност од, ни помалку ни повеќе, туку 60 милиони денари или безмалку 1 милион евра.

Самиот договор не претставува ништо спорно, сѐ додека не се увиди за што всушност станува збор.

Имено, предметот на овој договор за јавна набавка е “Модификација на време со авионско засејување“!

Засега не би сакале да навлегуваме во тоа:

  • зошто на властите им била потреба модификација на временските прилики;
  • за каква модификација станува збор и
  • како знаеле дека времето ќе биде такво, што ќе биде неопходна негова модификација?!

Ние, за почеток, поставуваме само неколку логични прашања на кои јавноста заслужува и инсистира да го чуе одговорот:

  • Кои точно состојки ги има во таа материја (или реагенс) за засејување?
  • Има ли студии за безбедност (и врз луѓето, и врз животните и врз целиот еко-систем)?
  • Што точно се постигнува со ова засејување?

Исто така, на неколку места во официјалниот договор се споменува зборот реагенс.

  • Каков е тој реагенс и што содржи тој реагенс?!

Веројатно властите сметале дека населението на Република Македонија нема никаква потреба да го знае одговорот на овие прашања.

Едноставно не можеме да веруваме дека на ниту едно од горенаведените прашања не е понуден ниту еден единствен одговор.

Во меѓувреме, неретко небото над нашите глави изгледа вака…

…Па дури и во ноќните часови…

…А рутата на авионите има еден чуден “правилен” облик…

Се чини дека вакви документи, инаку скриени под тепих, некогаш и тоа како можат да влијаат вистината да исплива на површина, вистината која веќе неколку години се крие од народот ширум светот.

Се соочуваме со досега НЕВИДЕНА ЦЕНЗУРА на просторот на Република Македонија, па токму поради тоа и поради можноста да бидете во тек со буквално СИТЕ НОВИ ИНФОРМАЦИИ, следете ја нашата ФАН СТРАНА НА ФЕЈСБУК и нашиот КАНАЛ на единствениот медиум на интернет просторот БЕЗ ЦЕНЗУРА, Телeграм:

https://t.me/kolovrtcom