клаудија предвидување 2019

ИСПЛИВА ВИДЕО КОЕ СТАНА ХИТ НИЗ ЦЕЛИОТ СВЕТ: ЖЕНА УШТЕ ВО 2019 ПРЕДВИДУВА ГЛОБАЛНА ПAHДEMИЈA И ЗAДOЛЖИТЕЛНА BAKЦИHAЦИЈA!!!

После стартот на настаните од почетокот на 2020 година, кои верувам дека никој од нас не ги очекуваше ниту на сон, се јавија многу т.н. “јасновидци” кои предвидуваа колку време ова ќе трае, кога ќе заврши и кога ќе се вратиме во старата нормалност, најголем дел од нив, со речиси никаква успешност.

Овојпат се работи за нешто поинакво.

Деновиве, со брзина на светлината, низ целиот свет се прошири видео обраќање на една Американка, која уште на крајот на 2019 година до детал ги предвидува настаните кои следат – почеток на глобална пандемија, а потоа и задолжителна вакцинација за целото население!

Делува толку неверојатно, што морав неколкупати да го проверувам датумот на објавување на ова видео на YouTube, а тоа е 21 септември 2019 година!

“Здраво. Јас сум Клаудија од “Cabin Talk” (YouTube канал) и сум на работ да полудам!

Вака… Планираат пандемија! Сигурна сум во тоа.

Прво, Бил Гејтс кажа дека ќе има пандемија и ќе умрат најмалку 30 милиони луѓе. БУМ!

Потоа, токму сега (септември 2019), Трамп потпиша извршен налог за создавање на нова оперативна група која ќе направи подобра вакцина за грип, односно побрзо да создаде нова вакцина, затоа што скоро ни следи пандемија за која не сме добро подготвени!”

Понатаму во видео обраќањето, Клаудија ќе продолжи:

Колку појасно треба да биде дека задолжителната вакцинација е прашање на време?! Зад аголот е! Ние сме во еден таков момент во оваа земја.

И да ви кажам нешто, ако било каде се појави пандемија, тоа ќе стане глобално!

Знаете што ќе се случи? Сите држави ќе кажат: “Мораме да се држиме заедно, затоа што со авионите вирусот може да патува толку брзо, па ние сите глобално ќе ги имплементираме истите проклети закони! А тоа ќе биде задолжителна вакцинација со токсични работи во нашите тела, за кои воопшто нема да се докаже дали се безбедни и ефикасни!

Но, одиме кон тоа! Тоа е патот по кој сме тргнале!

Во меѓувреме, во Калифорнија веќе е донесен закон дека некој мал службеник од министерството за здравство, за било кое место може да одлучи: “О, имаме три, имаме пет луѓе кои ја имаат истата болест. Мораме да воведеме вонредна состојба!” И истиот тој мал службеник може да воведе вонредна состојба!

Што ни треба повеќе? Што повеќе ни е потребно за да се пробудиме?! Извршната наредба на Трамп… Дали некој мисли дека еден претседател е подобар од другиот?!

…Ова ќе се случи глобално доколку не се пробудиме! Што друго ни преостанува? Што друго треба да знаете?

Фармацевтската индустрија и индустријата за здравствена заштита им плаќаат на докторите бонуси за да не бодат со ова с* ање, било да се работи за хемотерапија или вакцини, не е ниту важно. Тие добиваат бонуси!

За уништување на децата до 2 годишна возраст, 10 задолжителни вакцини до 2 години! И тоа со повеќе дози, не само 10 вакцини, туку секоја со повеќе дози! И ако педијатарот е всушност “добар, мал педијатар”, кој работи за кабалата, ќе го направи тоа! Сте размилсиле за тоа? 400 долари x 100 деца – тоа е еден убав нов автомобил, а за 1.000 деца, можете да си обезбедите убава нова куќа.

…Да постои место на светот каде што е подобро, јас би отишла таму. Но знаете што? Овде е епицентарот! Корпорацијата “САД” е епицентар на проблемот. Ова е епицентарот од каде сѐ започнува.

И ако не се спротивставиме заедно на ова потполно с* ање… Сѐ ќе биде готово…” – завршува Клаудија.

Ние остануваме без коментар, а целосното оригинално видео (ако сеуште мислите дека се работи за некаква игра или монтажа), можете да го проследите во продолжение:

Следете ја нашата Фејсбук страна и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrtcom/) или на email (kolovrt.info@gmail.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!