merki kriza srbija

ИСТА АГЕНДА, ИСТ ПЛАН! ВО СРБИЈА СЕГА БАРААТ ДЕЦАТА ДА НЕ ОДАТ НА УЧИЛИШТЕ ПОРАДИ ЕНЕРГЕТСКАТА КРИЗА

Намерно предизвиканата енергетска криза веќе пристигна и во Србија, а за тоа сведочат различни мерки и препораки кои секојдневно можеме да ги слушаме и во нашите медиумите (како да заштедите пари и да бидете одговорни).

Дополнително, разни нови експерти и министри најавуваат поскапување на енергенсите, а цените на храната толку се покачија што народот во паника реши да ги наполни полиците. Класична приказна како со вирусот.

Дека ова е уште еден дел од агендата што има за цел да ја спроведе крајната цел на Агендата 2030 и дека преку енергетската криза ќе се спроведува зелената агенда која има за цел понатамошна контрола на населението, говори и самата сличност со мерките за вирусот.

Како што пренесуваат медиумите во Србија, форумот на белградските средни училишта доставил предлог до Министерството за образование средношколците да имаат подолг зимски распуст од предвиденото.

За нешто слично и кај нас зборуваше Арбен Таравари.

Што значи тоа? Ова едноставно значи дека учениците кои не се школувале во последните две и пол години сè уште ќе бидат на удар на понатамошно затапување.

Како што се наведува понатаму, ваквите мерки се бараат имајќи ја предвид најавената тешка енергетска состојба.

Александар Марков од Форумот на белградските средни училишта денеска за Танјуг изјави дека се работи за организацијата и прераспределбата на деновите и праша зошто Велигденскиот распуст е продолжен за седум дена, кога, додава, времето ќе биде поубаво.

„Зошто годинава им беше скратен зимскиот распуст на средношколците, логично е да биде подолг, а пролетниот распуст да не трае толку долго, трае девет дена и таа недела од зимскиот распуст се префрли на Велигден“, рече Марков.

Тој прецизира дека зимскиот распуст е планирано да трае од 30 декември до 13 јануари и додаде дека Министерството одговорило дека постои можност за поместување на календарот, но дека состојбата ќе се следи.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите за помошта.
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!