globalno zatopluvanje klimatski promeni

ИСТИОТ ТЕК НА ХИСТЕРИЈА КАКО СО ВИРУCОТ! ГЕРМАНСКИ КЛИМАТОЛОГ ЗА ГЛОБАЛНОТО ЗАТОПЛУВАЊЕ: ВРЕМЕТО ИСТЕЧЕ

Откако во Велика Британија беше воведена вонредна состојба поради „жештините“ и откако, како што може да се забележи, сите земји на ЕУ навлегоа длабоко во климатската агенда ширејќи страв од температури кои се движат околу 40 степени Целзиусови и Германците решија да дадат свој придонес. Како и со кoрона хистеријата, сетете се. Се започна со Велика Британија и проекциите дека ќе има стотици милиони мртви за Германија веднаш да продолжи со своите „експерти“ и да придонесе за глобална хистерија.

Како што пренесуваат медиумите, веќе е доцна да се ограничи глобалното затоплување на максимални 1,5 степени Целзиусови во однос на прединдустриските нивоа, предупреди во понеделникот германски метеоролог и климатолог, пред почетокот на климатскиот форум што се одржува во Берлин.

Метеорологот и климатолог Моџиб Латиф во понеделникот изјави за германската медиумска групација Баерн дека „со денешните емисии на стакленички гасови, ќе го надминеме ова ниво за нешто помалку од десет години“.

„Ако се земе предвид она што сега го прават политичарите ширум светот, ние сме три степени повеќе во таа насока. „Се приближуваме до точка каде што треба да признаеме – времето истече“, продолжи Латиф.

Три степени на глобално затоплување би биле „катастрофа“, нагласи Латиф, посочувајќи дека секогаш се чинеше дека има повеќе приоритетни прашања од заштитата на климата.

Министрите од четириесетина земји ќе разговараат за следните чекори што треба да се преземат во борбата против климатските промени на Петербуршкиот климатски дијалог што се одржува во понеделник и вторник во Берлин.

Домаќини на средбата се Германија и Египет. Предвидено е да се обратат германскиот канцелар Олаф Шолц и египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси.

Состанокот е дел од првите дискусии за поставување на агендата за климатската конференција на ОН COP27, која треба да се одржи во египетскиот крајбрежен град Шарм ел Шеик на почетокот на ноември.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите за помошта.
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!