hristijani vo germanija

ИСТОРИСКИ ПРЕСВРТ: ХРИСТИЈАНИТЕ СТАНУВААТ МАЛЦИНСТВО ВО ГЕРМАНИЈА

Во Германија, Римокатоличката и Евангелистичката црква губат сè поголемо влијание. Така христијаните станаа малцинство во Германија, пренесуваат медиумите.

Кога ќе се соберат членовите на католичката и евангелистичката верска заедница, кои се двете најголеми христијански цркви во таа земја, се гледа дека нивниот број паднал под 50 отсто.

„Ова е историска пресвртница. „По многу векови, за прв пат во Германија, веќе не е „нормално“ да се биде член на црковна заедница“, објасни социологот Карстен Фрерк.

Тој посочи дека веќе подолго време е забележлив трендот на намалување на бројот на припадниците на христијанските верски заедници.

Во текот на изминатите шест години, овој тренд се забрза.

Минатата година христијаните, односно припадниците на Католичката и Евангелистичката црква сочинувале 51 отсто од населението, а за споредба, во 1990 година уделот на припадниците на тие верски заедници бил 72 отсто.

Како прво, Германците од католичка вероисповед сè повеќе ѝ вртат грб на својата црква, и се повлекуваат од таа верска заедница поради бројните скандали, пренесува Танјуг.

Се поголем е и бројот на Германци кои не сакаат да се изјаснат за својата вера, а во исто време бројот на муслимани постојано се зголемува, како преку работната имиграција, така и поради големиот мигрантски бран во последните години.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!