алојз ихан

ИЗЈАВАТА НА СЛОВЕНЕЧКИОТ ИМУHOЛОГ ОТКРИВА ДЕКА НИ ТИЕ САМИТЕ ПОВЕЌЕ НЕ ВЕРУВААТ ВО BAKЦИHATA: “BAKЦИHИPAHИTE СЕ ПОМАЛКУ ЗАШТИТЕНИ ОД НОВАТА BAPИЈАНТА ОД ПPEЛЕЖAHИТЕ!”

До пред само неколку дена се чинеше неверојатно еден голем пропагатор на пропагандата, односно вакцинацијата, да даде јавна изјава со која го става имунитетот на прележаните пред оној добиен од вакцината.

Токму тоа денеска се случи во Словенија, каде познатиот имунолог Алојз Ихан даде изјава која сигурно нема да им се допадне на здравствените власти во таа земја: “Оние кои се вакцинирале против ковид 19 ќе бидат помалку заштитени од новата омикрон варијанта на корона вирусот, отколку оние кои се заразиле и го прележале ковид.”

“Вакцините произведуваат главно антитела кои се многу чувствителни на нови варијанти, што значи дека имаат помала отпорност на мутираниот вирус,” рече Ихан во понеделникот во интервју за Словенечката телевизија, додавајќи дека за разлика од нив, оние кои биле подложени на некои од претходните варијанти на ковид 19 ги штити и клеточниот имунитет, кој на тој начин се развива во нивното тело.

“Оние кои се опоравиле од ковид 19, покрај антителата, развиваат и клеточен имунитет, така што мала е веројатноста дека нивниот имунолошки одговор ќе биде послаб отколку за претходните варијанти, па затоа не мора да бидат толку загрижени за новиот вид,” дециден е Ихан.

Што се однесува до зголемениот број земји што ги затвораат границите во обид да го спречат воведувањето на нова варијанта омикрон од странство, Ихан рече дека тоа е „рефлексна реакција“ бидејќи била употребена во случај на некои претходни видови, иако во некои случаи подоцна било покажано дека такво нешто не било потребно.

Следете ја нашата Фејсбук страна и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrtcom/) или на email (kolovrt.info@gmail.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!