ИЗЈАВИ НА СВЕТСКИ ПОЗНАТИ ДOKТОРИ И ХИPУРЗИ: „ЧЕСТИТЕ БУCТЕРИ МОЖЕ НЕГАТИВНО ДА ВЛИЈААТ НА ИMУНИОТ СИСТЕМ“

ИЗЈАВИ НА СВЕТСКИ ПОЗНАТИ ДOKТОРИ И ХИPУРЗИ: „ЧЕСТИТЕ БУCТЕРИ МОЖЕ НЕГАТИВНО ДА ВЛИЈААТ НА ИMУНИОТ СИСТЕМ“

Продолжуваме да ви пренесуваме изјави, студии и интервјуа со квалификувани медицински лица и научници кои не се совпаѓаат со „официјалниот“ наратив, кои иако често се прикажува во медиумите како наука, се појасно се гледа дека всушност станува збор за Наука™, Профит и тоталитарно-авторитарни тенденции кои немаат никаква врска со научниот метод и дебата од кои произлегува прогресот.

Па така, наидовме на овој твит од Д-р Мартин Адел Макари. Тој е британско-американски хирург, професор, автор и медицински коментатор. Д-р Макари практикува хируршка онкологија и гастроинтестинална лапароскопска хирургија во болницата Џон Хопкинс (да, таа болница Џон Хопкинс), е на чело на оделот за гастроинтестинална хирургија на Медицинскиот факултет Џон Хопкинс и предава политика за јавно здравје како професор по хирургија и јавно здравје на Факултетот за јавно здравје Џон Хопкинс – Блумберг.

Твитот вели:

„Имунолошката функција кај вaкцинирани лица 8 месеци по администрацијата на две дози вaкцина против Кoвид беше помала од онаа кај невaкцинираните“. Според Европската агенција за медицина, „Честите бустери може негативно да влијаат на имуниот систем“.

Во продолжение, тој го цитира текстот од неговиот колега, Д-р Кенџи Јамамото. Неговата пак биографија, е следна: тој е специјалист неврорадиолог во Националната болница за неврологија и неврохирургија, Квин Сквер. Има студирано медицина на Универзитетскиот колеџ во Лондон и неговата општа обука за радиологија била на програмата за обука во универзитетската болницата Аденбрук при Универзитетот Кембриџ. Ова било проследено со субспецијалистичка обука за неврорадиологија. За време на неговата обука за радиологија, тој презема дополнителни четири години академско истражување на невролошкиот институт UCL, кој кулминирал со докторат по функционална невровизуелизација. Д-р Јамамото практикува дијагностичка неврорадиологија со супспецијалистички области на експертиза кои вклучуваат нарушувања на движењето, болести на хипофизата, невро-онкологија и транскранијален доплер. Д-р Јамамото е член на Кралскиот колеџ за хирурзи на Англија (MRCS) и на Кралскиот колеџ за радиолози (FRCR).

Но да се навратиме на текстот на Д-р Кенџи Јамамото, кој е објавен во стручното списание за Вирологија. Од резимето на текстот, пренесуваме:

„Неодамна, Lancet објави студија за ефективноста на вaкцините за Кoвид-19 и слабеењето на имунитетот со текот на времето. Студијата покажа дека имунолошката функција кај вaкцинираните индивидуи 8 месеци по администрацијата на две дози вaкцина против Кoвид-19 била пониска од онаа кај невaкцинираните лица. Според препораките на Европската агенција за лекoви, честите бустери за КOВИД-19 може негативно да влијаат на имунолошкиот одговор и можеби не се изводливи во пракса. Намалувањето на имунитетот може да биде предизвикано од неколку фактори како што се N1-метилпсеудуридин, шилестиот протеин на вируcот, врз кој се базирани вaкцините, липидните наночестички, засилувањето на инфекција зависно од антитела и оригиналниот антигенски стимул. Овие клинички измени може да ја објаснат поврзаноста пријавена помеѓу вaкцинацијата против КOВИД-19 и реактивацијата на херпес зостер. Како безбедносна мерка, понатамошните засилувачки вaкцини / бустери треба да се прекинат. Дополнително, датумот на вaкцинација треба да се запише во медицинската евиденција на пациентите. Пријавени се неколку практични мерки за спречување на намалување на имунитетот. Тие вклучуваат ограничување на употребата на нестероидни антиинфламаторни лекoви, вклучително и ацетаминофен за одржување длабока телесна температура, соодветна употреба на антибиотици, престанок со пушење, контрола на стресот и ограничување на употребата на липидни емулзии, вклучително и пропофол, што може да предизвика периоперативна имуносупресија. Како заклучок, вaкцинацијата против Кoвид-19 е главен фактор на ризик за инфекции кај критично болните пациенти.“

Од нас на оваа тема – толку. А вие може да си го прочитате целиот текст тука:

https://virologyj.biomedcentral.com/articles/10.1186/s12985-022-01831-0

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите за помошта.
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!