biontech director

ИЗВРШНИОТ ДИРЕКТОР НА ВIONТЕСН ОДГОВАРА НА ТВРДЕЊАТА ДЕКА ЈА ОДБИЛ BAKЦИHATA

Директорот и ко-основач на компанијата што ја произведува една од најчесто користените вакцини против ковид, Фајзер-Бионтех, Угур Сахин, го коментираше интервјуто во кое откри дека тој и неговото семејство не биле вакцинирани.

На социјалните мрежи неодамна вирално стана видео на Сахин, германски професор по имунологија и онкологија, кој помогна во развојот на вакцината Фајзер-Бионтех, кој им кажува на новинарите дека не е вакциниран против корона вирусот.

Во интервјуто за германскиот ТВ канал DV, спроведено на англиски јазик, репортерот праша дали генералниот директор „ќе дозволи лични прашања“, пред да го праша: „Слушнав дека вие самите сè уште не сте ја примиле вакцината. Зошто не?“ Сахин (дипломатски) одговори дека „законски не смее да ја прими вакцината во овој момент“, бидејќи има список на приоритети. „За нас е поважно нашите соработници и партнери да се вакцинираат“, рече тој и додаде: „Она што е исто така важно, не ни беше дозволено да учествуваме во клиничките испитувања“.

Како очигледен одговор на тоа видео, Сахин оваа недела објави демант на професионалната мрежна страница LinkedIn. Тој напиша дека неговите пријатели го поканиле да сподели фотографија на која се вакцинира против смртоносниот вирус, но досега „одбивал да го стори тоа“, објаснувајќи дека верува дека неговата комуникација не треба да биде за него самиот, туку треба да придонесе за научна транспарентност и обезбеди податоци, факти и увиди“.

Сепак, од споменатото интервју тој и неговата сопруга примиле две дози и бустер доза од вакцината Фајзер-Бионтех. Објавата на LinkedIn беше придружена со фотографија на Сахин како е вакциниран против Ковид-19 „на почетокот на 2021 година“, рече тој, со цел да се справи со „лажните гласини“ кои кружат на социјалните мрежи дека одбил да се вакцинира.

Поканувајќи ги другите да го следат примерот, наведувајќи го искуството на еден пријател кој „се борел за својот живот“ поради тешкиот „Ковид-19“, Сахин додаде дека неговата компанија во моментов развива друга вакцина за да се справи со варијантата „Омикрон“, без разлика дали ќе биде потребна или не.”

Снимката од интервјуто, која се уште кружи на Твитер, привлече толку големо внимание што прес-службата на BioNTech беше должна да ја коментира. Изјавите на нивниот тогаш невакциниран извршен директор беа точни во тоа време, но сега се „целосно застарени“, изјави портпаролот за Ројтерс. Интервјуто е снимено пред една година, кога само постарите лица и оние од високоризичните групи во Германија имаа законско право да примаат вакцина против Ковид-19.

Како и да е, автентичноста на тие фотографии на кои Сахин се “вакцинира” сеуште не е целосно одредена. Знаејќи го фактот на т.н. “вакцинирање” на внуката на министерот Филипче, кое самиот призна дека било лажна вест, нам ни останува овие информации сепак да ги примиме со одредена, нормална доза, на сериозен скептицизам.

Следете ја нашата Фејсбук страна и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrtcom/) или на email (kolovrt.info@gmail.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!