pfizer

ПАНИКА ВО ФAЈЗEP! ЈА ИЗБРИШАА СВОЈАТА ВЕБ-СТРАНИЦА НА КОЈА ВО СТАТИЈА ОД 2010 ГОДИНА ПРИЗНАВААТ ДЕКА ПОДМИТИЛЕ 4500 ДОКТOPИ, НАУЧНИЦИ И МЕДИЦИНСКИ ЕКСПЕРТИ! КОЛКУ ТОГАШ ГИ ИМА ДЕНЕС?!

За моменталните настани да ни бидат појасни, доволно е да се вратиме само малку наназад, поточно во 2010 година, кога NYTimes објавил вест под наслов ‘‘Фајзер дава детали за подмитувањето на докторите”, (Pfizer Gives Details on Payments to Doctors).

Колку ги има денес телевизиски доктори и твитер научници кои ги поседува Фајзер и колку се платени?! Секако дека тоа нема да ни го кажат.

Па да се потсетиме на 2010 година и веста на NYTimes (31 Март 2010):

“Фајзер, најголемиот светски произведувач на лекови, во средата извести дека платиле околу 20 милиони долари за 4500 доктори и други медицински експерти за консултации и јавно пропагирање во нивно име, во последните шест месеци на 2009 година, што била нивната прва јавна исплата на лицата кои одлучуваат за кои лекови сметаат дека треба да дадат препорака.”

(Секако знаеме што сѐ се случуваше во таа фамозна 2009 година – т.н. Свински грип)

“Фајзер плати 15,3 милиони долари за 250 академски медицински центри и други истражувачки групи за клинички испитувања во истиот период.”

Додека другите фармацевтски компании откриле за поткупувањето на докторите, Фајзер се првите кои откриле за плаќањето на клиничките испитувања. Објавата не ги вклучува плаќањата надвор од САД.

(Веројатно Филипче и Караџовски знаат како функционира овој систем надвор од САД, односно ова давање на мито..)

Службеникот на Фајзер, Kristen E. Neese, рекла дека повеќето откривања биле потребни за договорот за интегритет кој компанијата го потпишала во август како би се решила федералната истрага во врска со илегалната промоција на лекови за употреба без етикета.

(Добро би било повторно вака да не изненадат, ама и да ни ги дадат имињата на тие доктори, т.н. научници, за да ги знае целиот свет… Тоа би било многу, многу добро од нив…)

Доктор Freda C. Lewis-Hall, фајзеровиот главни медицински службеник, го окарактеризира откривањето на нивната веб-страница како дел на ”маршот до откривање” кој компанијата го започнала во 2002 година.

Еве вака изгледа статијата на сопствениот сајт на Фајзер, во која терба да бидат разоткриени сите податоци, односно да бидат јавно достапни до јавноста:

pfizer site
(изгледа дека имале помали технички проблеми…познато сокривање..изгледот на фајзеровата транспарентност денес 14.11.2021)

Фајзер е четврта голема фармацевстка компанија која објавила такво нешто, после Eli Lilly, Merck и GlaxoSmithKline. Сите четири веб страници можат да се пребараат по имиња на докторите или организациите, но сите се поставени на начин кој го отежнува превземањето и анализата на целата база на податоци.

(Па да видиме како стојат работите денес…)

Почнувајќи од 2012 година, од компанијата за лекови и медицински уреди ќе се бара да ги откријат исплатите на лекарите и износите на повеќе од 10 долари, а првиот достапен извештај е во 2013 година. Законот за плаќањето на докторите е донесен како дел на реформата за здравствена заштита. Некои држави имаат закон за откривање на податоците.

Доктор Maricia Angell, бивша уредничка на The New England Journal of Medicine рекла: ”Ако така функционираат – би ме зачудило ако така функционираат, но ако го прават тоа – тогаш е одлично.”

Доктор Angell вели дека во Фајзер овие сумите изгледале ниски иако немала специфично знаење во таа област. ”Не можам да не мислам дека нешто не им има избегано”, кажала таа.

”Мислам да е тоа добра работа, но апсолутно не верувам во она што фармацевските компании го откриваат на јавноста кога тие работи не се ревидирани” рекол Eric G. Campbell, водечкиот автор на објавената студија во односите помеѓу докторите и индустријата од 2007 година во The New England Journal of Medicine.

Денес:

Не е тајна дека компанијата Фајзер држи во свои раце многу доктори од Балканот и, се разбира, Македонија.

Тие се платени за свесно да ги промовираат фајзеровите производи кои ги немаат поминато ни сите проверки. За тие активности, секако, Фајзер богато ги наградува своите кои се наоѓаат на платениот список на компанијата. И сево ова фунционира под благослов на СЗО, која го институционализира и легализира секој вид на неетичко работење во медицинската сфера.

Изгледа дека законите за јавно објавување во САД по почетокот на оваа пандемија престанаа да важат, а сите овие “заложби” и искази од фајзеровите раководни лица, едноставно биле и засекогаш ќе останат, една огромна лага и измама за прикривање на вистината од обичниот човек…

Се соочуваме со досега НЕВИДЕНА ЦЕНЗУРА на просторот на Република Македонија, па токму поради тоа и поради можноста да бидете во тек со буквално СИТЕ НОВИ ИНФОРМАЦИИ, следете ја нашата ФАН СТРАНА НА ФЕЈСБУК и нашиот КАНАЛ на единствениот медиум на интернет просторот БЕЗ ЦЕНЗУРА, Телeграм:

https://t.me/kolovrtcom