ЈА РАЗОТКРИВАМЕ ЛАГАТА ЗА ТОПЕЊЕТО НА МРАЗОТ НА CNN - ЗАБЕЛЕЖАНА НАЈГОЛЕМА ОБНОВА НА ЛЕДЕНАТА ПОКРИВКА НА ГРЕНЛАНД ВО ИСТОРИЈАТА!

ЈА РАЗОТКРИВАМЕ ЛАГАТА ЗА ТОПЕЊЕТО НА МРАЗОТ НА CNN – ЗАБЕЛЕЖАНА НАЈГОЛЕМА ОБНОВА НА ЛЕДЕНАТА ПОКРИВКА НА ГРЕНЛАНД ВО ИСТОРИЈАТА!

Во стилот на нивните „факт-чекери“, денеска ќе разоткриеме уште една лага на главните медиуми околу глобалното затоплување, односно топењето на мразот на Гренланд.

Така, CNN вчера известува дека е дојдена апокалипсата, а мразот се топи со невидена брзина (50 години со ред се топи со енвидена брзина и никако да се стопи):

„Во блиска иднина топењето на мразот на Гренланд ќе предизвика глобалното ниво на морињата да се зголеми за речиси 30 сантиметри, а новото истражување вели дека нема начин да го спречиме тоа, дури и ако денес престанеме да испуштаме стакленички гасови.

Според една нова студија, вкупната загуба на мраз од ледената покривка на Гренланд ќе доведе до зголемување на нивото на морето за најмалку 25 сантиметри, без оглед на можните сценарија за глобално загревање.

Експертите од Геолошкиот институт на Данска и Гренланд забележале промени во обемот на ледената покривка на и околу Гренланд. Тие откриле дека околу 3,3% од ледената покривка на Гренланд, што е еквивалентно на 110.000 милијарди тони мраз, сигурно ќе се стопат.“

„Порастот на нивото на морето ќе се зголеми поради овој процес, без оглед на тоа што ќе се случува овој век со климатските промени“, рече геологот Џејсон Бокс од Геолошкиот институт на Данска и Гренланд, како што пренесува Си-ен-ен.

Ајде сега да видиме која е вистината.

Ледениот слој на Гренланд завчера се здоби со маса од 7 гигатони за само еден ден – најголемата дневна добивка досега забележана во текот на летото од почетокот на мерењата!

Не можат толку брзо да лажат, колку што можеме брзо да ги разоткриваме нивните лаги.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите за помошта.
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!