ЈАГЛЕРОД ДИСКСИДОТ СЕ ЗГОЛЕМУВА НАД ПРИФАТЛИВИТЕ БЕЗБЕДНОСНИ ГРАНИЦИ КАЈ ДЕЦА КОГА НОСАТ МАСКИ КОИ ГИ ПОКРИВААТ НОСОТ И УСТАТА: РЕЗУЛТАТИ ОД ЕКСПЕРИМЕНТАЛНА СТУДИЈА КАЈ ЗДРАВИ ДЕЦА

ЈАГЛЕРОД ДИOКСИДОТ СЕ ЗГОЛЕМУВА НАД ПРИФАТЛИВИТЕ БЕЗБЕДНОСНИ ГРАНИЦИ КАЈ ДЕЦА КОГА НОСАТ МАСКИ КОИ ГИ ПОКРИВААТ НОСОТ И УСТАТА: РЕЗУЛТАТИ ОД ЕКСПЕРИМЕНТАЛНА СТУДИЈА КАЈ ЗДРАВИ ДЕЦА

Кратко и јасно, овојпат една студија од Германија од Септември 2021, која заклучува: „Носењето хируршки или FFP2 маски брзо ја зголемува содржината на CO2 во вдишениот воздух на многу високо ниво кај здрави деца во седечка положба и во отсуство на физичка активност, што може да биде опасно за здравјето на децата“

Целата студија тука:

https://www.sciencedirect.com/science/article/pii/S001393512200891X

Резимето на студијата вели:

Покривањето на носот и устата со маски стана задолжително за децата во многу земји за време на пандемијата со Кoвид-19. Сакавме да ги одредиме просечните нивоа на CO2 во вдишениот воздух со маски кај деца меѓу 6 и 17 години. Користивме краткорочни мерења под хируршки маски и FFP2 маски (еквивалентни на Н95 маските во САД), во споредба со индивидуалното ниво но без маски, во експериментална, интра-индивидуално контролирана студија. Содржината на CO2 се мереше на секои 15 секунди со помош на автоматизиран уред за мерење на CO2 со двојна бранова должина (модел G100, производител Geotech, од Leamington Spa, Велика Британија) во текот на 25 минути со децата седнати за да немаат физичка активност. По основното мерење на децата им беа обезбедени два типа на најчесто носени маски: хируршки маски и FFP2 маски во рандомизирана секвенца по 3 мин. Ги задржавме нивоата на COво околината под 1000 делови на милион (ppm) преку честа вентилација. Ги меревме фреквенцијата на дишењето и пулсот како потенцијални физиолошки модераторски променливи. Измерени се 45 деца, 25 момчиња, 20 девојчиња, со просечна возраст од 10,7 години (стандардна девијација 2,6). Соодветните контрасти открија дека промената се должи само на маските и дека разликата помеѓу двата типа маски е мала и не е значајна.

Заклучок: Носењето хируршки маски или FFP2–маски брзо ја зголемува содржината на CO2 во вдишениот воздух на многу високо ниво кај здрави деца во седечка положба без физичка активност што може да биде опасно по здравјето на децата.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите за помошта.
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!