gas vo evropa

КАДЕ ЌЕ НАЈДЕ БАЈДЕН ГАС ЗА ЕВРОПА?

За време на посетата на Европа, Бајден во својство на дарежлив и милозлив спасител објави дека Америка ќе ја снабдува ЕУ со природен гас и со тоа ќе ја извлече од енергетската зависност од Русија.

Таргетот што го спомнаа и ЕУ и САД е 15 милијарди кубни метри течен гас до крајот на годинава, со надеж дека до 2030 тоа ќе достигне до 50 милијарди кубни метри.

Деталите како ќе се случува сето ова не се јасни. Додека претседателката на Европската Комисија, Вон дер Лајен зборуваше за „американската посветеност“ да ги обезбеди неопходните количества, во крајната заедничка изјава стои дека САД „ќе работат со меѓународните партнери и ќе се стремат да обезбедат“ овој товар да стигне до ЕУ во текот на годинава.

Подоцна американски функционери појаснија дека американското ветување за 15 милијарди кубни тони течен гас всушност е ветување дека американската администрација ќе помогне да се убедат компании во Азија и остатокот од светот своите очекувани пратки течен гас да ги препратат во Европа, како што се случило минатата зима.

Ова очекување е и покрај тоа што на состанок од почетокот на март на првите луѓе на американската ЛНГ индустрија беше предупредено дека временските услови „ќе одиграат главна улога во одредување каде ќе одат пратките, и дека студен бран би ги натерал азиските држави да го задржат ветеното гориво.“

Пред некое време Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) објави дека гас има, меѓутоа треба да се зголеми производството, проценувајќи дека ЕУ би можела да дојде до дополнителни 20 милијарди кубни метри гас на глобалните пазари, посебно со огромни напори на Норвешка и Азербејџан кои би можеле да обезбедат 10 милијарди.

Со сите овие мерки, ИЕА проценува дека ЕУ ќе може да ја намали потрошувачката на руски гас за една третина до крајот на годинава. Брисел се надева на две-третини.

Американскиот план за спас доаѓа со неколку услови.

Првиот е ЕУ да потпише долгогодишни договори за набавка на природен гас од САД. Плус изградба на нови терминали низ европските држави „кои ќе покажат дека има голема побарувачка за американски гас до 2030.“

Европскиот парламент веќе гласаше за да одобри список на европски енергетски проекти кои треба да добијат дозволи по забрзана постапка, меѓу кои има 20 проекти за терминали и гасоводи. Плус предложена е нова регулатива која налага залихите на природен гас во ЕУ пред почетокот на грејната сезона да бидат 90% полни.

Сите овие мерки што ги преземаат ЕУ и американските власти ги вадат од памет европските еко-активисти, кои ја обвинуваат ЕУ дека веќе има доволно капацитет за увоз на количините на природен гас што САД планира да ги испорача.

„Наместо да ги полнат џебовите на американските компании за фракинг, Европа треба да ја фокусира својата иднина на трајни решенија како унапредување на изолацијата на станбените згради, топлотни пумпи и обновливи извори на енергија,“ порачал претставникот на Глобал витнес, Муреј Ворти.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt.info@gmail.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!