КАДИРОВ МУ ПОНУДИ РАБОТА НА ЗЕЛЕНСКИ: „ПОНУДАТА ВАЖИ ОГРАНИЧЕНО ВРЕМЕ“

КАДИРОВ МУ ПОНУДИ РАБОТА НА ЗЕЛЕНСКИ: „ПОНУДАТА ВАЖИ ОГРАНИЧЕНО ВРЕМЕ“

Лидерот на Чеченија Рамзан Кадиров за време на говорот до војниците на Руската Федерација во Грозни му понуди на украинскиот претседател Володимир Зеленски хонорарна работа на телевизија.

„Штом Зеленски одговори на нашето барање да го прекине отпорот и да седне на маса за мировни преговори, ќе му дадеме таква прилика. Можеме дури да организираме и посебна емисија во Грозни“, напиша Кадиров на Телеграм.

Според чеченскиот лидер, таквата понуда е дадена на барање на негов сонародник, кој сега учествува во „специјалната воена операција во Украина“.

„По завршувањето на воената операција, поранешниот претседател на Украина ќе мора некаде да заработува, а Ајуб бара да му дадеме шанса да се појави во Клубот на веселите и снаодливите во Чеченската Република“, порача Кадиров.

Тој додаде дека неговата понуда важи одредено време, бидејќи „после ќе биде доцна“.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt.info@gmail.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!