КАКО ДА НЕ ЗНАЕВМЕ ДОСЕГА: ЛЕКОТ ПРОТИВ KOPOHA НА ФAJЗEP Е НЕЕФИКАСЕН ВО СПРЕЧУВАЊЕ НА ШИРЕЊЕТО НА ВИPУCOT

КАКО ДА НЕ ЗНАЕВМЕ ДОСЕГА: ЛЕКОТ ПРОТИВ KOPOHA НА ФAJЗEP Е НЕЕФИКАСЕН ВО СПРЕЧУВАЊЕ НА ШИРЕЊЕТО НА ВИPУCOT

Лекот за корoнавируc на Фaјзер, Paxlovid, е неефикасен во спречувањето на ширењето на инфекцијата меѓу членовите на истото домаќинство, покажа големо истражување.

Фaјзер спроведе студија меѓу 3.000 возрасни лица кои биле во блиски контакти со лице заразено со корoнавируc. Тие примале терапија со Паксловид пет или десет дена или примале плацебо.

Луѓето кои го примале лекот пет дена имале 32 отсто помали шанси да бидат заразени од луѓето во контролната група. Десетдневната терапија ја зголеми таа шанса на 37 проценти. Фајзер, сепак, објави дека разликата е статистички занемарлива и може да биде случајност.

Според тоа, студијата ги потврди резултатите од претходните истражувања дека лекот е 90 проценти успешен во спречување на болничко лекување или смрт на луѓе со Ковид.

„Иако сме разочарани од исходот на истражувањето за спречување на ширењето на инфекцијата, тоа не влијае на силната ефикасност во третманот што ја видовме во претходните истражувања“, рече извршниот директор на Фајзер, Албарт Бурла.

Paxlovid е антивирусен лек одобрен за условна или итна употреба во повеќе од 60 земји во светот.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!