јужна африка

КАКО НЕ ВИ Е СРАМ?! ЛАЖАТ ДЕКА СЕ РАБОТИ ЗА “НАЈЛОШ, НАЈОПАСЕН, CУПЕP-MУTAHТ” НА KOBИД 19, А ТОКМУ ВО ЈУЖHA AФРИKA ИМА 10 ПАТИ ПОМАЛКУ ЗAPAЗEHИ ОД ПРЕД САМО 4 МЕСЕЦИ! (ДОКАЗ)

Утрово не дочека веста дека CЗО свика итен состанок поради утврдениот нов сoј, “мутaнт” на кoвид 19 во Јужнa Африкa. Не беше потребен долг временски период да започнат шпекулациите дека се работи за “најлош, досега невиден, oтпoрeн на вaкцинитe” супер-мутант на кopoна вируcoт.

Следеше непосреден пад на светските берзи, цената на нафтата и пазарот на криптовалутите.

Понатаму, некои земји како Велика Британија, Германија, Израел Сингапур и Јапонија се меѓу оние кои веднаш иницираа забрана за летови од ЈАР и соседните земји. Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен на Твитер објави дека Комисијата ќе предложи, во координација со земјите-членки, активирање на вонредни овластувања за запирање на воздушниот сообраќај од јужноафриканскиот регион, поради страв од ширење на коронавирусот, варијантата Б.1.1.529.

BBC, пак, ја пренесува изјавата на биологот од Универзитетот Оксфорд, Џејмс Нејсмит, кој рече дека вакцините „речиси сигурно“ ќе бидат помалку ефикасни против новата варијанта (секако, тој знае без никакви достапни податоци).

Светската здравствена организација (CЗО) го означи сојот како „набљудувана варијанта“. Марија Ван Керхова, технички менаџер на CЗО за Ковид 19, рече дека досега им се достапни помалку од 100 секвенци-геноми од споменатата варијанта. Ќе бидат потребни неколку недели за да се одлучи дали Б.1.1.529 ќе стане “варијанта од интерес“ или “варијанта која предизвикува загриженост“.

Првите информации велат дека грчкото име на оваа нова варијанта ќе биде “ну”.

Сета оваа хистерија, слична на онаа на почетокот на пандемијата во 2020 година, беше доволна да ги истражиме податоците кои ни се јавно достапни.

Што велат тие?!

Официјалните податоци од Јужна Африка, местото каде што е детектиран овој “најопасен и досега невиден сој”, велат дека НЕ се работи за ништо загриживачко!

Имено, вчера (25 ноември), во Ј. Африка биле регистрирани 2.465 нови случаи од корона вирусот. Пред само 4 месеци, пак, за време на летниот “пик” (3 јули), биле регистрирани 26.645 нови случаи за само еден ден, или неверојатни повеќе од 10 пати повеќе од бројките на новиот сој “ну”.

И да повториме за да нема забуни и недоумици, “најзаразната и отпорна на вакцини” варијанта која ги преполни вестите и страниците на порталите и речиси доведе до крах на светската економија, е 10 пати помалку опасна од претходните варијатни, или т.н. делта сој! Тоа не го велиме ние од Коловрт, тоа го велат официјалните податоци кои секој може самостојно да ги провери!

Зошто овој факт не го пренесе никој од светските, а ниту македонските медиуми?!

Зарем е толку тешко со еден клик да се дојде до фактите на теренот?

Е затоа речиси сите други медиуми се платени од парите на пропагандата, додека Коловрт е бесплатно воден од страста за правдата и вистината и е мета на невидена цензура, напади и жигосување од страна на пропагаторите на оваа глобална агенда.

Следете ја нашата Фејсбук страна и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrtcom/) или на email (kolovrt.info@gmail.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!